Вкупно 414 лица се фатени како возеле е-тротинети во пијана состојба, од кои 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение, додека полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 октомври, 2019 10:49

Октоберфест: Одземени возачките на повеќе од 200 Германци поради возење на е-тротинети во пијана состојба

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото слободен печат

На стотици возачи на електрични тротинети им биле одземени озачките дозволи затоа што биле пијани за време на фестивалот за пиво во Минхен, Октоберфест соопшти Германската полиција.

Дури 414 лица кои возеле еектрични тротинети на пијано се фатени, а од нив 254 лица останале и без возачка дозвола, се вели во полициското соопштение. Полициските патроли интервенирале во 32 случаи за да спречат пијани да возат електричен тротинет.

Електричниот тротинет станува се попопуларно превозно средство како во светот така и кај нас. Мислењата се поделени во однос на тоа како тие влијаат на безбедноста во сообраќајот.
Нивната масовна употреба го изненади не само нашето туку и законодавството на Европската Унија. Во Белгија е дозволено тие да се движат на велосипедска патека, а на сообраќајна лента само доколку нема патека за велосипеди.

Во Германија, е-тротинетите, кои беа легализирани во јуни, се категоризираат како „моторизирани возила“.

Тоа значи дека нивните корисници подлежат на законска забрана за возење под дејство на алкохол.

Електричните тротинети имаат право да се движат со брзина од 20 км/ч, а може да ги управуваат лица од 14 години па нагоре.

Овој закон во Германија беше изгласан во мај, а со него е дозволено овие елетрични тротинети да се користат на јавни патишта.

Оваа вест беше од клучно значење за компаниите Bird Rides, Lime, и Volkswagen, компанија која пред брзо време се вкличи во овој бизнис.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Европа

- Русија мора да биде принудена да го почитува меѓународното право и да престане со агресивните активности и активности насочени кон монополизирање на енергетската ситуација во Европа. Додека не го направат тоа, нема да бидат партнер, прво треба да се однесуваат како нормална држава. Тие сакаат да го прошират своето влијание, а денеска разговарав со Ѓукановиќ за тоа. За агресијата во Украина, обидите за дестабилизација на ситуацијата во БиХ, Косово... Треба да го запреме тоа и тоа беше тема на разговорот и пред се прашањата што му ги поставив на претседателот како личност која ја познава политиката во регионот и ја знае ситуацијата совршено, во најситни детали - рече тој е Дуда.

Ѓукановиќ вели дека сме сведоци на значителен пустош на општествата од Западен Балкан.

- Ова е последица на отсуството на попроактивна политика за проширување на ЕУ, но и искористување на тој простор од деструктивната политика на Русија. Мислам дека тоа е нешто што не обврзува да се обидеме да го спречиме идното оддалечување на регионот од евроатлантскиот автопат. Русија се обидува да ги врати правилата на политиката на Студената војна преку ревизија на историјата и да го искористи правото да одлучува за судбината на другите - смета Ѓукановиќ.


Тој смета дека Европа минува низ историски тест.

- Или ќе го запреме агресорот и потоа ќе го казниме со политичката и правната казна што следува по тој што убива народ. Или ќе им ја отвориме вратата на идните агресори. Затоа мислам дека ова е историско судење - посочува Ѓукановиќ.

Ѓукановиќ бара казна за Русија: Или Европа ќе го запре агресорот или ќе ги отвориме вратите за идните агресори

Правото што Црна Гора го бараше со враќање на независноста и слободно избирање на својот...

Меѓу самостојните надлежности во Швајцарија спаѓаат здравството, социјалата, редот и мирот и образованието, и данокот.

Сите зборуваат за Швајцарија а многу малку знаат за Вестфалскииот мир

Швајцарија е поделена на 26 кантони — сојузни единици што ја сочинуваат државата. Од...