Поранешниот државен секретар на САД, Медлин Олбрајт, заедно со лобистот Елиот Енгел и американскиот професор Даниел Сервер, излегоа со пеколен план.
Вчера, Конгресот даде предлози за тоа како треба да се однесува шефот на САД, Џо Бајден, кон Балканот!
Албанските лобисти започнаа мисија со цел да ја следат надворешната политика на новиот американски претседател Џозев Бајден кон Западен Балкан, што подразбира жесток притисок врз Србија да го признае независно Косово.
Пред Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом на американскиот конгрес, со кој претседаваше конгресменот Елиот Енгел, инаку познат албански лобист, вчера беше организирано сослушување за стратегијата за овој регион, што и се предлага на новата американска администрација.
Покрај Енгел, најмалку уште двајца учесници на оваа дебата се жарни поборници за независност на Косово – поранешниот државен секретар на САД за време на бомбардирањето на Србија во 1999 година, Медлин Олбрајт (83) и професорот на Универзитетот Хопкинс, Даниел Сервер.
Овој состав создава препораки за администрацијата на Бајден, која може да дејствува клучно во следните четири години и да ги насочи струењата на Балканот, пред се оние што се однесуваат на иднината на БиХ и резултатот од дијалогот меѓу Белград и Приштина.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.