Компанијата која ја отвора станицата, во изминатите години по нејзиното основање не пријавила никаков приход.

Објавил: Катерина Крстиќ | 8 август, 2019 0:43

Оливер Спасовски „отвори“ бензинска во Куманово: Газдите немаат никаков приход, ама инвестирале милиони во бензинска!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото лидер.мк

Продолжува рапидната бизнис експанзија на семејството Петрушевски од Куманово, кое е во пријателска и институционална поврзаност со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, пишува Лидер.мк.

Министерот Спасовски на отворањето на новата бензинска на „Пин Петрол“ фото Лидер.мк

Откако преку класичен конфликт на интереси, компанијата на Добрин Петрушевски, „Пин Петрол“, доби дозвола за станица за технички преглед, во саботата тие ја отворија најголемата бензинска пумпа во Куманово во населбата „Перо Чичо“ во која покрај станицата и бензинската има и автоперална, супер маркет и ресторан и кафитерија. Ноиот комплекс, почна да работи од понеделникот.

Компанијата која ја отвора станицата, во изминатите години по нејзиното основање не пријавила никаков приход.

На отворањето на новиот комплекс, за кој во кумановската чаршија се зборува дека е директно поврзан со министерот Оливер Спасовски, се појави целата елита на владејачката СДСМ, а божем е „газда“ Спасовски заедно со неговата сопруга се прошета на свеченото отворање на на комплексот на кое имаше и богата културно-уметничка програма.

Овој нов бизнис, не би бил воопшто симптоматичен доколку Никица Петрушевски (син на сопственикот Добрин Петрушевски) не беше вработен како еден од најблиските соработници на министерот Спасовски, каде што е советник за комуникации и односи со јавноста.

 

Целата сторија прочитајте ја на Лидер.мк

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.