Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 октомври, 2019 9:54

Оливер Спасовски седнува на премиерската фотелја?!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На местото на Зоран Заев ќе седне сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој ќе биде новиот премиер на Македонија до крајот на наредната година, пренесува in7  дознавајќи од извори во СДСМ.

 

Веста дека Заев поднел оставка ја објави италијанската новинска агенција Анса повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел. Наводно Заев бил разочаран што неговата земја ни во третиот обид поседните 16 месеци не доби зелено светло за почеток на преговорите.

Наводно како што пренесува ин7, Спасовски ќе ја предводи владата до претстојните парламентарни избори, кои се очекува да бидат распишани во наредните денови.

Ваквата одлука е донесена поради дебаклот кој го доживеа премиерот Зоран Заев во Брисел со недобивањето на датум за преговори за Република Македонија, неговата политичка кариера е завршена.

Во текот на вчерашниот ден речиси во сите светски медиуми пишуваше дека Заев веќе поднел оставка, што доведе до забуна. Италијанскиот медиум АНСА пренесе дека тој ќе поднесе оставка од позицијата премиер на Република Македонија, а истото го пренсоа повеќе албански медиуми. Изборите ќе се случат набрзо, а многу веројатно дека поконкретен датум ќе биде прецизиран на лидерската средба на Водно кај претседателот Стево Пендаровски во недела.

По општата забуна која настана во домашните и светските медиуми, македонската влада за Танјуг кратко одговори Точна е информацијата дека Заев не поднесе оставка.

Во очи самитот во Брисел, Заев ги предупреди лидерите на земјите членки во ЕУ дека владата ќе падне доколку и овој пат не добиеме датум за преговори.

“Ако лидерите на земјите членки на ЕУ донесат негативна одлука за почеток на преговорите, или уште еднаш го одложат датумот нашата Влада ќе падне, изјави Заев во Виена.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика