Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека министерот Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, посочувајќи дека неговата состојба е стабилна.

Објавил: Владо Марин | 30 октомври, 2020 6:11

Оливер Спасовски хоспитализиран на Инфективна, има висока температура

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Министерот за здравство Венко Филипче вчера потврди дека министерот Оливер Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, посочувајќи дека неговата состојба е стабилна.

Министерот Спасовски од синоќа е хоспитализиран на Инфективната клиника, поради висока температура. Неговата состојба е стабилна, истакна Филипче.

Спасовски позитивен резултат на тестот на коронавирус доби пред два дена.

Тој објави дека има благи симптоми и дека е во домашна изолација.

На Инфективната клиника хоспитализиран е и генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, кој исто така е заразен со коронавирус.

„Почитувани, би сакал да ве информирам дека и покрај строгото почитување на мерките коишто ги преземам за моја лична и заштита на луѓето околу мене од почетокот на пандемијата, вечерва добив позитивен резултат за Ковид 19. Клиничката слика ми е добра, со благи симптоми и веќе сум во домашна самоизолација. Чувајте се“ напиша министерот.

Спасовски учествуваше во засадувањето 75 млади садници дрвја во околината на Велешкото Езеро – „Младост“, што беше зафатена од пожар пред повеќе од една година заедно со премиерот Зоран Заев, министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Арјанит Хоџа и постојаната координаторка на Обединетите нации, Росана Дуџак, какои со високите претставници на агенциите на ОН во нашата земја.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести