Тој посочи доколку се покаже дека одржувањето на Олимпијадата во Токио ова лето е премногу опасно поради епидемијата на коронавирус, рече дека во тој случај најверојатно организаторите ќе го откажат настанот.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 февруари, 2020 10:24

Олимпијадата во Токио ќе биде откажана поради Коронавирусот ?

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Олимписките игри 2020 година кои треба да се одржат во Токио постои можност да бидат откажани- ова денеска во интервју за АП го изјави членот на Меѓународниот олимписки комитет, Дик Паунд.

Тој посочи доколку се покаже дека одржувањето на Олимпијадата во Токио ова лето е премногу опасно поради епидемијата на коронавирус, рече дека во тој случај најверојатно организаторите ќе го откажат настанот.

Современите Олимписки игри (француски: Jeux olympiques) се водечки меѓународен спортски настан на летни и зимски спортски натпревари во кои илјадници спортисти од целиот свет учествуваат на различни натпревари. Олимписките игри се сметаат за најистакнат светски спортски натпревар со повеќе од 200 земји учеснички. Олимписките игри се одржуваат на секои четири години, со летни и зимски игри кои наизменично се одржуваат секои четири години, но со две години разлика помеѓу нив. Нивното создавање било инспирирано од Античките олимписки игри, кои се одржувале во Олимпија, од 8 век п.н.е. до 4 век од нашата ера. Баронот Пјер де Кубертен го основал меѓународниот олимписки комитет (МОК) во 1894 година. МОК е управниот орган на олимпиското движење, со Олимписката повелба за дефинирање на неговата структура и власт.

Во рок од три месеци ќе треба да се донесе решението за тоа дали ќе се откажат или одложат Олимписките игри во Токио, рече Паунд.

– Околу тој датум организаторите треба да одлучат дали епидемијата е под доволна контрола за да се одржи Олимпијадата, рече поранешен канадски пливач.

на овогодинешната Олимпијада се очекува да учествуваат околу 11.000 спортисти. Олимпијадата треба да започне на 24 јули, додека приближно 4.400 се пријавени за Параолимписките игри закажани за 25 август.

До сега од нивниот почеток 1896 па до денес, Современите олимписки игри, беа откажани само еднаш, за време на Втората светска војна.

Олимпијадата во 1940 година требаше да се одржи во Токио, но беше откажана заради војната на Јапонија со Кина и Втората светска војна.

Во 2016 година во прашање беа доведени и Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради вирусот Зика.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.