Се проценува дека од геноцидот околу 700.000 Рохинџи побегнаа и најголем дел од нив сега живеат во бегалски кампови во соседен Бангладеш

Објавил: Мирко Бачиќ | 28 август, 2018 12:43

ОН: Мјанмарски генерали мораат на суд поради “геноцидни намери” против Рохинџи

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Мјанмарската армија со „геноцидни намери“ извршила масовни убиства и силување членови на мулсиманското малцинство Рохинџи, а главниот командант и уште петмина генерали поради тоа треба да бидат изведени пред суд, објавија денеска истражители на ОН.

Цивилната влада на Аунг Сан Су Кји дозволила говор на омраза, уништувала документи и не го заштитила тоа малцинство од злосторства против човештвото и воени злосторства извршени од армијата во покраините Ракхине, Качин и Шан.

– Тоа уште повеќе придонело за извршување на тие ѕверски злосторства, пишува во извештајот.

Пред една година, владините сили извршија прогон во мјанмарската покраина Ракхине како одговор на нападите на Амријата на спасот на Аракан Рохинџа врз 30 мјанмарски полициски станици и воени бази.

Околу 700.000 Рохинџи побегнаа и најголем дел од нив сега живеат во бегалски кампови во соседен Бангладеш.

Тело на ОН предводено од поранешниот државен обвинител Марзуки Дарусман го посочи командантот на мјанмарската армија, генерал Мин Аунг Хлаинга и уште пет други генерали како лица на кои треба да им се суди.

Масакрот го открија двајца новинари на Ројтерс кои се уапсени во минатата година. Суд денеска требаше да изрече пресуда, но рочиштето е одложено за 3 септември.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.