Резултатот од гласањето: „за“ 93; против 24; воздржани 58.

Објавил: Перо Милчин | 7 април, 2022 18:29

ОН ја исклучија Русија од Советот за човекови права

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Генералното собрание на Обединетите нации гласаше за суспендирање на Русија од Советот за човекови права.

Резултатот од гласањето: „за“ 93; против 24; воздржани 58.

Во нацрт-резолуцијата, UNGA соопшти дека Генералното собрание „ќе ги суспендира правата на членство во Советот за човекови права на член на Советот што врши грубо и систематско кршење на човековите права“.

Русија претходно ги предупреди државите членки на Обединетите нации дека, ако гласаат за или бидат воздржани во врска со американското барање да ја суспендираат од Советот за човекови права, ќе го смета тоа за непријателски гест кој ќе има последици врз нивните билатерални односи, се наведува во нотата во која Ројтерс имал увид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.