петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Војновиќ добил затворска казна од три години затвор поради разбојништва

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 март, 2019 21:59

Опасен Србин побегнал од затвор и се заканил со убиства- во цела Европа трагаат по Даниел

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

31- годишниот Даниел Војновиќ е Србинот затвореник кој побегнал од затвор. Германската полиција веќе неколку дена трага по него. Полицијата го опишува како опасен и непредвидлив.

Како што пишуваат германските медиуми, Војновиќ, потекнува од Србија. Тој добил затворска казна од три години затвор поради разбојништва, но сепак му било дозволена да ја посетува родителската куќа во Билефелд, од каде и побегнал за време на посетата.

Даниел Војновиќ е опасен и непредвидлив, предупредува германската полиција која ја прошири потрагата по него низ цела Европа.

Војновиќ до сега имал отслужено една од трите години кои му биле одредени, па поради тоа му била дозволена посетата на родителите.

Откако успеал да побегне од прозорецот, двајцата чувари кои беа задолжени за него тргнале по него, но не успеале да го стигнат бидејќи избегал со автомобилот на неговите родители.

„Ако го видите, не зборувајте со него. Повикајте нè веднаш”, порача Германската полицијата.

Даниел на полицијата и оставил порака „да убијам неколкумина и се враќам в затвор“, но од затворот негираат дека тој најавил убиства.

owl24.de известува дека на Даниел му било дијагностицирано дисоцијално растројство на личноста, па поради тоа тој се заканил со убиства. Тој до сега извршил повеќе тешки кражби во Германија, а при престојот во затворот сериозно го повредил и цимерот. Сега е покрената потерница по него и го бара цела Европа.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.