За специфичните мерки за превенција како примена на имуноглобулини во случај на изложеност на вирусот или вакцинопрофилакса, консултирајте се со вашиот матичен лекар.

Објавил: admin@magazin | 21 декември, 2021 4:47

ОПАСНА ЖОЛТИЦА: Како се шири и како да се заштитите?

Фото/Текст извор: ©магазин

Жолтицата се јавува како последица на зголемено ниво на билирубинот во крвта, кое се манифестира со пожолтување на склерите, кожата и слузокожата.

Може да станува збор за прехепатална жолтица (при хемолиза на крвта), хепатоцелуларна (при хепатитис, цироза, алкохолна болест на црн дроб), опструктивна (опструкција на жолчни патишта од метастази, жолчни камења) и неонатална жолтица (жолтица кај новороденчиња).

Хепатитис претставува заболување кое се карактеризира со воспаление на хепаталните клетки, односно клетките на црниот дроб. Постојат повеќе причини кои доведуваат до хепатитис како прекумерна употреба на алкохол, траума, примање на одредени лекови и одредени автоимуни заболувања, но најчесто се јавува како резултат на вирусна инфекција.

Моментално во Македонија се шири жолтица предизвикана од хепатитис.

Вирусниот хепатитис во најголем дел од случаите е предизвикан од хепатотропните вируси (A, B, C, D, E, F, G), а поретко од други вируси како Епштај Бар вирусот (инфективна мононуклеоза) или варичела (овчи сипаници).
Хепатитис А е најчестата форма на акутно вирусно воспаление на црниот дроб. Официјално светот регистрира околу 1,5 милиони случаи годишно, иако се смета дека стапката на застапеност на инфекцијата е 10 пати поголема. Ова заболување е тесно поврзано со лоши социо-економски услови и е најзастапено кај ниско развиените земји или земјите во развој.
Хепатитис А има сезонски карактер и најчесто се јавува во есенско-зимскиот период, а времето на инкубација вообичаено е од 14 до 28 дена.

Како се пренесува вирусот хепатитис А?

Вирусот во организмот најчесто се внесува преку:
Консумирање на храна приготвена од инфицирано лице, кое не практикува темелно миење на рацете по посета на тоалет;
Близок контакт со инфицирано лице (дури и во случај да нема симптоми);
Пиење на контаминирана вода;
Сексуален контакт со инфицирано лице (особено кај хомосексуалци).
Вирусот не може да се пренесе преку кашлање, кивање или престојување во иста просторија со инфицирано лице (под услов да нема близок контакт).
Симптоми и знаци
Типични симптоми и знаци за хепатитис А се:
Малаксаност;
Гадење и повраќање;
Стомачна болка, особено во горниот десен дел (тоа е местоположбата на црниот дроб);
Губење на апетит;
Болка во мускулите;
Покачена температура;
Темно обојување на урина;
Пожолтување на белките на очите и кожата (иктерус).
Заболувањето најчесто трае околу 1 до 2 месеци, а во ретки случаи може да перзистира и до 6 месеци. Одредени лица кои имаат ХАВ инфекција може да не манифестираат никаква симптоматологија.

Хепатитис претставува заболување кое се карактеризира со воспаление на хепаталните клетки, односно клетките на црниот дроб.

Компликации

Во најголем дел од случаите болеста поминува без компликации, но ретко може да се јави:
Враќање на инфекцијата. Околу 15% од инфицираните лица имаат релапс, односно болеста се враќа повторно со истите симптоми. Релапсот најчесто се јавува 1 до 4 месеци по примарната појава на симптомите.
Холестаза – спречување на нормалниот проток на жолчката.
Фулминантен хепатитис со акутна инсуфициенција на црниот дроб. За разлика од другите хепатални вируси, кај ХАВ оваа компликација е многу ретка. Покрај иктерус, гадење и повраќање, се манифестира со склоност кон крварење, отоци на нозете, асцит, хепатална енцефалопатија која може да заврши со смрт.

Превенција

Со цел да се заштитите од вирусот хепатитис А, практикувајте ги следниве совети:
Одржувајте лична хигиена. Секогаш темелно мијте ги рацете со сапун и топла вода по одење во тоалет, менување на пелени и пред готвење, сервирање и консумирање на храна.
Варете ја храната на 85°С. На овој начин се инактивира ХАВ, а со тоа се заштитувате од пренос на инфекцијата, освен ако загадувањето на храната не настане по загревањето.
Пред да консумирате овошје и зеленчук излупете го и добро измијте го.
Не споделувајте четка за заби, крпа, прибор за јадење и други лични предмети.
Доколку се сомневате во квалитетот на водата која ја пиете, зовријте ја.
Избегнувајте консумирање на сирова риба и месо.
Користете заштита при сексуален однос.

За специфичните мерки за превенција како примена на имуноглобулини во случај на изложеност на вирусот или вакцинопрофилакса, консултирајте се со вашиот матичен лекар.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравје

Дијагнозата во типичните случаи лесно се поставува врз основа на податоците од родителот за тегобите на детето,прегледот на детето и рутински биохемиски иследувања(леукоцити и леукоцитна формула ).

Кога се зголемуваат лимфните жлезди?

Зголемени лимфни жлезди не се ретка појава. Може да бидат последица на обична настинка...

Според документите, мајката на екс економскиот директор на клиниката била заведена со дијагноза рак на бели дробови, за подоцна во истиот тој систем да заврши со дијагноза анемија.

Мајката на екс економскиот директор на Онкологија во систем била заведена со дијагноза рак на бели дробови, иако не била онколошки пациент

Мајката на поранешниот организациски директор на скопската Клиника за онкологија,...