Пендаровски смета дека внатре во државата не постои никаков ризик доколку не добиеме датум за преговори во јуни или јули. П

Објавил: Перо Милчин | 14 јуни, 2019 17:19

“Опасноста за кочење на “Северна” Македонија доаѓа од надвор, од внатре немаме ризик”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Ниту албанската ниту македонската опозиција не се надвор од институциите, мое предвидување е дека нема да прават проблеми зашто не сме добиле сега рече претседателот, Стево Пендаровски, во интервју за МИА.

Претседателот, Стево Пендаровски, во интервју за МИА рече дека албанскиот политички фактор е интегриран и во Владата и во институциите. Тој напомена дека опасноста за кочење на Македонија доаѓа од надвор. Има избори во Грција на седми јули а сегашната грчка опозиција има потврди ставови кон Преспанскиот договор, од нивен аспект.

Тезите од Приштина и Тирана се според мене многу слични со овие идеи за корекција на граници. Двете работи зборуваат за промена или бришење на границите. Тоа на Балканот по дефиниција е многу опасна работа. Идејата е дека ако немаат европска перспектива треба да се спојат меѓусебно. Европскиот проект контра големите национални проекти. Тоа е многу опасно. Самото зборување за тие идеи покажува дека безбедносната агенда на Балканот е сѐ уште поважна од политичката и интегративната. За овие прашања зборувавме во раните деведесетти и сега жално е после триесет години транзиција да се враќаме на истите работи, за базична безбедност, за граници, и тоа не смее да се случи – рече претседателот.

Пендаровски смета дека внатре во државата не постои никаков ризик доколку не добиеме датум за преговори во јуни или јули. Пендаровски рече дека безбедносни тензии во Македонија нема да има сигурно, но дека политички промени се можни во делот на поддршката на проевропските сили.

Пендаровски потенцира дека има писмо на тринаесет земји членки кои заговараат почеток на преговори со Македонија и Албанија, останатите други земји не кажале ништо во однос на тоа и мисли дека во вторава половина се земјите кои не сакаат да се разделат.

Има најави дека ќе го почитуваат договорот, но ќе бидат по ригидни во имплементирањето. Може да добиеме потврд став, преведено значи дека можеме да добиеме блокада во ЕУ за некој аспект од Преспанскиот договор. Од изминативе неколку недели веќе се случува едно повидливо присуство на забелешки од Бугарија во однос на договорот со Бугарија. Бараат брзи резултати од комисијата на историчари, сакаат да работи побрзо и да има ефект. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести