Според информации на известувачот на МИА од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви

Објавил: admin@magazin | 22 октомври, 2022 11:55

Опожарен стан од плинска боца во Аеродром

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Стан во зграда на булевар „АСНОМ“, на потегот меѓу хотел „Русија“ и хотел „Хилтон“ утринава е опожарен од плинска боца.

Според информации на известувачот на МИА од терен, пожарот е изгаснат и нема жртви.

Командантот во изјава за МИА информираше дека е интервенирано со пет противпожарни возила и 14 пожарникари.

Пожарот е пријавен во 09:40 часот!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.