Големиот број на скандали на влата ја стопија предноста

Објавил: Узунов Бобан | 19 јуни, 2019 16:19

Опозицијата во водство, рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ за два отсто поголем од рејтигнот на СДСМ

Фото/Текст извор: ©магазин

Доколку следната недела се одржат избори 21,2 отсто од граѓаните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ, додека 19,5 отсто за СДСМ, покажува истражувањето на Институтот за политички истражувања (ИПИС).

Рејтингот на СДСМ е за нецели два отсто помал од рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ, додека за ДУИ би гласале 4,6 отсто од испитаниците.

10 отсто од нив одговориле дека не би гласале за никого. За Алијанса за Албанците би гласале 2,9 отсто, додека за БЕСА 1 отсто.

Од испитаниците Македонци, 27 отсто одговориле дека ќе гласаат за ВМРО-ДПМНЕ додека 22 отсто за СДСМ. Од испитаниците Албанци, пак, 9,8 одговориле дека ќе гласаат за СДСМ, додека 0,8 отсто за ВМРО-ДПМНЕ.

Програмски директор на Институтот за политички истражувања е политикологот Владимир Божиновски, кој го поврзуваат дека е близок со ВМРО-ДПМНЕ. 


Институтот за Политички Истражувања – Скопје е истражувачка агенција со седиште во Скопје. Стратешка цел на институтот е унапредување на политичките, правните и економските процеси во Македонија, како и перцепциите за развој на политичката култура преку спроведување на научно-истражувачки проекти, но исто така и преку организирање на работилници, дебати и конференции.


 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести