Грчкиот премиер рече дека на 4 мај ќе бидат укинати рестрикциите за движење на граѓаните, а одделни продавници и јавни служби повторно ќе бидат отворени.

Објавил: Владо Марин | 29 април, 2020 9:16

ОПУШТЕТЕ СЕ ЗА ОДМОРИ ВО ГРЦИЈА: Мицотакис со добри вести!

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

 

Грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис порача дека од 4 мај во земјата постепено ќе се започне со ублажување на рестриктивните мерки така што ќе почнат со работа помалите трговски продавници, фризерските и козметичките салони, пишува DW.

„Бидејќи помина првиот бран од вирусот, сега сме подготвени да преминеме на втората фаза, а тоа е постепено ублажување на рестриктивните мерки“, изјави Мицотакис во телевизиско обраќање.

Грчкиот премиер рече дека на 4 мај ќе бидат укинати рестрикциите за движење на граѓаните, а одделни продавници и јавни служби повторно ќе бидат отворени.

Тој додаде дека движењето на граѓаните ќе биде ограничено на зоната во која живеат.

Но, водете сметка, тоа не е крај на една лоша авантура, туку нејзино продолжување. Ќе излеземе од домовите, но остануваме одговорни“, рече Мицотакис повторувајќи оти приоритет останува здравјето на граѓаните.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.