Според програмата која беше изгласана од страна на Советот, проектот трае за време на учебната 2019/2020 година. Со раскинување на договорите, 42 асистенти останаа без примања за време на кризата!

Објавил: Владо Марин | 7 јуни, 2020 17:43

ОПШТИНА КАРПОШ ОДБИ ДА ГИ ИСПЛАТИ АСИСТЕНТИТЕ НА УЧЕНИЦИТЕ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Општина Карпош на чело со градоначалникот, ги раскина договорите со асистентите на учениците со посебни потреби, кои беа дел од проектот „Образование без пречки“, финансиран од УНДП, објави партијата Левица од Карпош!

Според програмата која беше изгласана од страна на Советот, проектот трае за време на учебната 2019/2020 година. Со раскинување на договорите, 42 асистенти останаа без примања за време на кризата.

Иако изговорот на општината е дека асистентите нема потреба да добијат надомест затоа што децата не посетуваат настава, се работи за загрозена егзистенција на ангажираните асистенти кои не се опфатени со ниту една владина мерка!

Дополнително, локалната власт не ја зема во предвид специфичната дејност која овие лица ја вршат и која мора да биде финансирана од буџетот на општината, а не да зависи исклучиво од надворешни финансиери.

Нашиот советник во Карпош, Бранко Ристов, на последната седница на Советот побара општината да ги исплати ангажираните асистенти од сопствените средства, откако претходно неколку асистенти алармираа до Левица.

Тоа што општина Карпош ОДБИ во време на економска криза да се исплатат платите на овие лица, укажува дека локалната власт ги злоупотребува ваквите проекти исклучиво за свои ПИАР цели и не ја зема во предвид загрозената економска состојба на ангажираните асистенти кои неочекувано останаа без својот приход и работа, пишува партијата Левица!

Додека пренатрупаната јавна администрација не изгуби ниту дел од своите приходи за време на кризата, лицемерен е изговорот на Општината дека на асистентите не треба да им се исплатат надоместоците поради тоа што децата не посетувале настава.

Во услови кога крупни бизниси со милионски профит се финансираат од парите на граѓаните, недозволиво е овие лица да останат без никакви приходи поради политичките калкулации на власта предводена од СДСМ.

Партија Левица- Карпош!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести