Речиси 200.000 евра општина Липково ќе потроши за изградба на спомен кула во Слупчане, во чест на ОНА.
Договорот за изградба бил склучен минатиот месец, а вчера беше објавен на сајтот на Бирото за јавни набавки.
Спомен кулата ќе ја гради фирмата „Хоџа инженеринг“ од Куманово, која има рок изградбата да ја заврши за шест месеци, односно до 25 ноември. Договорот, со вклучено ДДВ е склучен на сума од 12.115.109 милиони денари, или приближно 200.000 евра.
-Секако дека денеска почнуваат работите. За изградбата на овој споменик, како што кажав, во спомен на паднатите борци, ОНА, мајките, жените, сестрите од оваа зона. На 28 ноември овој споменик ќе биде завршен, изјави Ахмети.Градоначалникот на Липково, Еркан Арифи, пак, призна дека изградбата на споменикот доцни. До сега се поминати разни процедури, а урбанистичкиот план на општината започнал во 2015, вели тој.
-Како градоначалник на општина Липково наидов на затворање и завршување на урбанистичкиот план. Можеби ова е единствен споменик со камен темелник, со дозвола за градба, со урбанистички план, има еден главен проект, ревизија на проектот, што значи дека е легален и е регистриран во Министерството за транспорт и врски и катастарот на РСМ, истакна неодамна Арифи.
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.