Телата на двајцата работници кои утрово беа потрупени со земја при ископ на канал во скопската населба Чаир се извлечени и однесени од погребално возило.

Објавил: Перо Милчин | 1 јуни, 2019 15:36

ОПШТИНА ЧАИР: Изведувачот немал дозвола за градилиштето на кое загинаа двајцата браќа!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Службите на општината Чаир потврдија дека градежните работи, во кои што при трагичната несреќа загинаа двајца браќа незаконски ја спроведувала фирмата.

Службите на општината Чаир во која денеска загинаа двајца браќа, а додека пак нивниот зет беше повреден, изјавија дека покрај работата, нелегализиран бил и објектот, односно местото, на кое се работело.

Несреќата се случила попладнево на улицата “Кемал Сејфула” во Чаир. За време на отворањето на каналот на длабочина од два метри земјата затрупа две лица на возраст од 26 и 28 години.

Според записникот од страна на инспекторите кои излегле на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден, сабота.

Општина Чаир се огласи по страшната несреќа денеска кога земја затрупа работници, при што за жал двајца загинаа на лице место, еден е повреден.

Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството на настраданите во денешната несреќа која се случи наспроти Основното Училиште “Пенко“. На местото на настанот, веднаш излезе Инспекторатот на Општина Чаир за да ја потврдат фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести