Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги интензивира и продолжува дебатите за новата концепција за да ги слушне предлозите и сугестиите во однос на реформата. Исто така, коментарите и предлозите можат да се достават до 20 јануари по електронска пошта!

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 јануари, 2021 12:13

Општините како основачи на училиштата, ќе бидат вклучени во подготовките и имплементација на целата реформа

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерката за образование и наука Мила Царовска и членови на работната група вчера одржаa работен состанок со претставници на Управниот одбор на ЗЕЛС, во рамки на широкиот консултативен процес за предложената концепција за реформи во основното образование. Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов и присутните градоначалници кои се дел од Управниот одбор дадоа целосна поддршка на реформските процеси и најавија дека локалните самоуправи ќе бидат еден од клучните партнери во спроведувањето на реформите.

“Општините, како основачи на училиштата, ќе бидат директно вклучени во подготовките и имплементација на целата реформа. Затоа денес во ЗЕЛС разговаравме со градоначалниците за подготовка на општините и поддршката на локалната самоуправа во реформата. Драго ми е што имаме широка и недвосмислена поддршка од ЗЕЛС“, рече Царовска.

Министерката нагласи дека е повеќе од нужна бидејќи таа значително ќе го подобри квалитетот на образованието на децата, ќе ги мотивира и подобри условите за наставниците и образовниот кадар и на долг рок ќе го унапреди квалитетот на животот на идните генерации.

Она што на граѓаните и јавноста треба да им е јасно е дека темелно и внимателно се подготвуваат сите чекори, сите промени, со што, со сигурност финалниот резултат ќе биде проверено добар концепт, кој ќе може да се имплементира без проблем“, потенцираше Царовска.

„Веќе има пристигнато доста предлози меѓу кои ми е драго што има и конструктивни предлози и верувам дека низ овој процес на комуникација ќе дојдеме до квалитетно финално решение и концепт. Во следните десет дена уште повеќе ќе се интензивира јавната дебата.

Планирани се средби со директорите на училиштата, меѓународните организации, невладините организации во земјава, претставници на МАНУ и други. Со тоа практично ќе имаме увид во размислувањата и предлозите на сите оние кои треба да се вклучат во оваа дебата“, нагласи министерката Царовска.

Претседателот на ЗЕЛС Петре Шилегов рече дека со министерката Царовска се согласиле околу неопходноста на реформите, но и околу инклузивноста на овој процес изразена преку подготвеноста да се сослушаат внимателно сите засегнати страни со цел да дојдеме до квалитетни и одржливи решенија.

„Системот за образование во секоја држава мора да ги следи општествениот развој и современите текови во науката со цел на новите генерации да им се овозможат услови преку овој систем да стигнат до квалитетни знаења што ќе овозможи нивна поголема конкурентност на пазарот на трудот. Затоа процесот на реформи во образованието треба да се одвива континуирано, но и да ги вклучува сите релевантни актери во образовниот процес од учениците, родителите и професорите, па се до институциите во чија надлежност е организирањето на наставата“, истакна Шилегов.

Тој рече дека прашањето на образованието не засега сите и како институции, но и како луѓе, пред сé заради тоа што носиме одговорност пред нашите деца, пред младите луѓе, да им понудиме квалитетно образование не само во сопствената држава, туку и во локалните самоуправи”, рече Шилегов.

Министерството за образование и наука и Бирото за развој на образование ги интензивира и продолжува дебатите за новата концепција за да ги слушне предлозите и сугестиите во однос на реформата. Исто така, коментарите и предлозите можат да се достават до 20 јануари по електронска пошта!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Образование

„Основците добиваат нови учебници и помошни наставни материјали, значително е модернизирана настава во средното образование, со многу нови дуални паралелки и компании партнери на училиштата“, вели Јетон Шаќири, министер за образование.

Сите предмети во една книга – учебната година почна, учебници нема

Вака изгледа привремениот „учебник“ за петто одделение. Четири во едно,  македонски...

„Со оваа одлука се утврдува дека бројот на наставните денови во тековната учебна година во средните училишта изнесува 146 наставни денови, односно дека нема продолжување на учебната година“, велат од Владата.

Нема продолжување на учебната година

Владата на Република Македонија на денешната редовна 44 седница ја донесе Одлуката...

Согласно овие предлози, Владата донесе заклучок според кој престануваат да важат сите рестриктивни мерки, освен задолжително носење заштитни маски во здравтсвените установи, аптеките и во установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи!

МТСП: Се укинуваат КОВИД-19 протоколите во предучулишните установи! Владата на Република...

МОН потсетува дека во периодот од 20ти до 30ти, односно 31ви во секој месец е отворена можноста за аплицирање за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за сите оние студенти кои претходно не ги исполнувале условите, или од било какви причини не аплицирале.

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади корисници на ова право

Извршена е исплата на средства за субвенциониран студентски оброк на над 28 илјади...