Законот предвидува казна од друи 6.5 милиони евра или две години затвор за сите што ќе се осмелат сепак да ја користат црвената петокрака

Објавил: Мирко Бачиќ | 17 август, 2018 6:47

Орбан ја забрани употребата на петокраката настрада “Хајнекен”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Унгарскиот премиер Виктор Орбан сака да ја забрани употребата на црвената ѕвезда, односно петокраката, па неговата партија Фидес подготвува закон со кој ќе биде стопирана нејзината секаква комерцијална употреба.

Законот предвидува казна од друи 6.5 милиони евра или две години затвор за сите што ќе се осмелат сепак да ја користат црвената петокрака.

Меѓу најпогодените ќе се најде познатата холандска пиварница “Хајнекен” чија препознатлива етикета веќе со децении ја краси токму петокраката.

Експертите проценуваат дека забранатa освен иделошката има и економска заднина.

“Хајнекен” неодамна доби судски спор пртив еден произведувач на пиво во Романија инаку многу популарен меѓу тамошните Унгарци.

Утврдено е дека локалниот “Цсики” премногу личи на Хајнекеновото пиво “Циуц” кое зазема поприличен дел на пазарот и секако сака да го задржи.

Според таа теорија на Орбан не баш омилената црвена ѕвезда му е само изговор да му наштети на “Хајнекен” тврдат унгарски медиуми.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.