Некако се навикнавме на неконвенционални решенија што ги практикува Заев во политиката, па не е лошо да се биде на штрек и кога се чини дека во нашава политика веќе ништо не може да нè изненади.

Објавил: Перо Милчин | 23 мај, 2019 7:32

Ордановски: Ај сега да соработуваме во рушењето на Заев од власта!

Фото/Текст извор: ©цивил медиа

Што му е гајле на Ахмети што ветувал Заев, за што не бил ни прашан?! Дотолку повеќе што, во недостиг на американски амбасадор во земјава, ДУИ има голем маневарски простор во толкувањето на тоа што е неопходно да се направи за општиот напредок на државата, пишува во новата колумна Сашо Ордановски.

По првата „консултативна“ работна средба помеѓу Заев и Ахмети по изборите, нема ништо ново што може да се соопшти по повод операцијата „Метла“. Најмногу и затоа што нивните мотиви околу спроведувањето на овој проект се суштински различни: Заев мора да го испорача аманетот, даден пред вториот круг на претседателските избори, дека ќе направи „чистка“ во редовите на власта, како поука од послабата од очекуваната поддршка на гласачите; Ахмети, пак, од своја страна, не даде никакво ветување, па нема што да исполнува.

Што му е гајле на Ахмети што ветувал Заев, за што не бил ни прашан?! Дотолку повеќе што, во недостиг на американски амбасадор во земјава, ДУИ има голем маневарски простор во толкувањето на тоа што е неопходно да се направи за општиот напредок на државата.
Што е право, на ДУИ приказната ѝ оди одлично. Седат комотно во власта, иако повеќето функционери – со неколку чесни исклучоци – им работат со енергија што би можела да се оцени како „критичен минимум“.

Но, гледате, со текот на изминатите петнаесетина години и во домашната и во дипломатската јавност во земјава се изгради таков став дека од ДУИ и не се очекува сериозно да се занимаваат со одработување на описот на работата на владите во кои седеле, туку да се грижат за „големата слика“, за „високата политика“, за одржување, па дури и гарантирање на меѓуетничката политичка и безбедносна стабилност во Македонија. Тоа, и бескрајното „верглање“ за важноста на евро-атлантските интеграции.

И секогаш со една длабокоумно замислена, мудра поза на Ахмети во позадината, чиј збор алтан вреди! А може и во евра. Бидејќи нема бизнис што им е застанат по сите вертикали и хоризонтали на власта. Имаа цела деценија да ја научат школата на дил-ориентид политичари кај врвниот експерт од таа област, Груевски.

Положија со врвен, сума-кум-лауде успех. Со Заев се на пост-дипломски студии.
Единствено што го „ремети“ Али Ахмети во неговата „будистичка“ смиреност во сегашнава политичка констелација на ѕвездите е „итар-пејовскиот“ атер на Заев: дал збор премиерот дека нешто ќе се менува, па не може меракот да му се крши! Тоа е причината поради која Ахмети прифаќа да се сретнува со Заев на „консултации за метлата“, додека Артан Груби или Бујар Османи секој ден потсетуваат дека без ДУИ нема влада, ни оваа, ни претходната, ни наредната!
Ама Ѓаволот ни во опозицијата не спие! Некој од врвот на тамошните албански партии, фатени во „невозможната мисија“ да се разведе бракот од интерес што ДУИ го има со СДСМ, деновиве изјави дека во иднина е можна соработка и со ВМРО-ДПМНЕ, само доколку тие се извинат за настаните од 27 април.

Туф, туф, голема работа едно извинување да се направело, тоа може шефот на опозицијата во кој било момент да го срочи во која било варијанта округло па на ќоше, кога веќе се дошло до тоа да има кој од другата страна едвај да чека да му го прифати… „Многу ни е жал и се извинуваме доколку некој случајно се нашол повреден од настаните на 27 април“… Ете, се извинивме! Ај сега да соработуваме во рушењето на Заев од власта!

Во вакви игри ќе ни поминува времето во наредните неколку месеци, доколку Заев не извлече некој неочекуван „кец“ од ракавот. Сè уште не е исклучено сите да ги изненади со некоја иницијатива што другите нема да можат да ја одбијат.

Откако и официјално месецов се сретна со папите Франциск и Бранко, не би било изненадување некоја „просветлена“ идеја да му падне на памет во рамките на проектот за „големото помирување“ во земјава.
Некако се навикнавме на неконвенционални решенија што ги практикува Заев во политиката, па не е лошо да се биде на штрек и кога се чини дека во нашава политика веќе ништо не може да нè изненади. Мене така некако ми мириса…

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...