Случајот „Павле и Савле“ – а оние што помнат подолго можеби ќе се сетат на таа српска аналогија од крајот на осумдесеттите – е токму движење во таа насока.

Објавил: admin@magazin | 16 мај, 2019 20:16

ОРДАНОВСКИ: Павле е навистина, политички „смртно ранет“,тој е во деликатна политичка состојба!

Фото/Текст извор: ©цивил медиа

Позицијата на Павле Богоевски е прилично неодржлива: илегалната снимка на неговиот разговор со претпоставениот дилер на нелегални наркотички супстанци го става во деликатна политичка состојба, од која оставката – на голема радост на сите негови бројни политички непријатели, дежурни сеирџии и „овластени“ морализатори – се наметнува како логичко решение. И со и без оправдувањето за „медицински цели“.

Сепак, случајот е уште поинтересен од аспект на јавниот интерес заради испитување на околностите под кои е настанат целиот скандал. Имено, една е „линијата“ на натамошни перипетии околу самиот Павле, но ова е извонредна прилика за органите за прогон во државава да го истражат целиот „систем“ според кој некој (да го наречеме Савле) неовластено поседува, а потоа и објавува, со јасна политичка арбитрарна цел, нелегално снимени разговори од телефоните на разни јавни личности.

За професионални обвинителски и полициски структури не би требало да претставува особено тежок проблем за 24 часа да биде приведен наводниот таксист кој го снимал разговорот со својот патник Павле, па тој да го „реконструира“ целиот разузнавачки канал по кој такви разговори се објавуваат на опскурната руска социјална мрежа „Вконтакте“. Не би се изненадил волку „иницијативниот“ таксист да е некој вработен во УБК кој во „втора смена“ го надополнува семејниот буџет со таксирање по Скопје.

Но, зошто немаме таква ефикасна реакција на истражните органи? За тоа има неколку веројатни објаснувања…
Можно е нашите „Шерлоци“, од непрофесионалност и мрзеливост, да не ја препознаваат шансата што им се укажува низ истражувањата на неволјите на Павле да разрешат една необично интересна загатка која одамна го загадува македонскиот политички простор на криминален и манипулативен начин, со непредвидливи последици од секакви идни злоупотреби.

Можно е, исто така, некои „надлежни“ во полицијата и кај обвинителите (некоја варијанта на „ВМРО-МВРО“) да знаат кој стои зад објавите на мрежата „Вконтакте“, но од одредени политички или други причини врзани со криминалниот полусвет со кој работат, тие објави да им одговараат, а можеби дури и да ги поттикнуваат да се објавуваат.

Третото би било, што е исто така сосема можно, дека надлежните се, просто, глупави. Не знам дали е ова најможно, но е можно.
Кое и објаснување да е во прашање, не е добро. Бидејќи е продолжување на синџирот нерасветлени криминални активности во државата со очигледни политички импликации. Нормално дека Интерпол, потоа, не сака да ни објавува меѓународни потерници, кога надлежните самите не сакаат да го расчистуваме криминалот што претходел на потребата за објавување на тие потерници.

Ваквата правна и безбедносна несигурност придонесува во општеството да се шири културата на јавен линч по социјалните мрежи, на задоволство на еден голем и скап пропаганден апарат ангажиран во три смени да работи на задачата да докаже дека сегашната власт е неспособна, криминална, корумпирана и, наводно, далеку полоша од кошмарот низ кој поминавме за време на режимот на Фамилијата.

Тие се обложуваат на кратката меморија на јавноста и на тоа дека, преку докажување на теоријата дека „сите се исти“, повторно би се вратиле на власт, исти какви што беа, само малку полоши.
Случајот „Павле и Савле“ – а оние што помнат подолго можеби ќе се сетат на таа српска аналогија од крајот на осумдесеттите – е токму движење во таа насока.
Затоа и мислам дека Павле е, навистина, политички „смртно ранет“, но барањето негова одговорност има смисла само доколку се открие кој е Савле. Тогаш веројатно ќе се види дека персоналниот проблем со Павле е далеку помал од системскиот проблем со Савле. Кој разбира, разбрал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...