Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн.

Објавил: Мартин Попоски | 6 февруари, 2020 21:01

ОРЕВ- лек за проблеми со жлездите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Орев е род на дрва од фамилијата ореви (Juglandaceae) чиј плод се користи во секојдневната исхрана. Ова се листопадни дрва со висина од 10 до 40 м и листови долги по 2–9 см, со по 5–25 ливчиња на секоја дршка. Плодот има јатка која ја дели внатрешноста на два дела.

Родот опфаќа 21 вид, распространет од умерено континенталните стариот свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.

Во Македонија оревот традиционално се употребува во копаничарството, за покуќнина и иконстаси и за изработката на народни инструменти како шупелка, зурла и тн. Содржината на оревот наоѓа најразлична примена во народната кујна.

Јатката се става да одлежи во ракија, со која таа добива боја и вкус. Од неа се добива и материјал за боење. 

Родот опфаќа 21 вид, распространет од умерено континенталните стариот свет од Балканот на запад до Јапонија на исток. Во Америка, видовите се застапени од југоисточна Канада до Калифорнија и на југ до Аргентина.

Зелени ореви

Оревите во турската традиционална медицина се користат како лек за проблемите со жлездите, дури и со тироидната жлезда. Причината за тоа е што оревите го зголемуваат количеството на тироксин, хормон кој го лачи тироидната жлезда. Во Турција се користи сок од готвени зелени ореви, но за оваа намена може да се користи и масло од ореви, како ароматичен додаток на прелив за салати. Некои истражувања покажале како всушност зелените лушпи содржат најмногу тироксин, иако не се многу вкусни.
Истражувањата покажале дека и оревите имаат својства кои може да го забават растењето на туморот, како и да ги намали шансите за развој на рак. Студиите биле спроведени на глувци кои биле на „диета со ореви“ па покажале дека по диетата бил намален развојот на ракот до 30%.

Имено, лушпата на оревот е можно да се користи и за отстранување на забен камен.

Лушпата на оревите

Имено, лушпата на оревот е можно да се користи и за отстранување на забен камен. Згответе ги лушпите во вода до момент кога ќе омекнат, околу 10 минути. Потоа ставете ја четката неколку минути да се натопи во таа вода и потоа пет минути мијте ги забите со течноста, допирајќи до секој дел од вашите заби. По миењето на забите, добро измијте ја и четката и устата.
Исто така, листовите може да ги искористите за благо воспаление на кожата. Две лажички иситнети листови додајте ги во една шолја зовриена вода, оставете ја водата да олади и нанесете ја на кожата. За лечење на егземата се препорачува и додавање на една шака иситнети листови од орев во водата со која се бањате.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Совети

Водата е неопходна за правилно функционирање на телото. Околу 2/3 од телесната тежина кај луѓето отпаѓаат на водата. Човечкото тело губи најмногу вода преку дишењето и потењето.

Што да не пиете ако сте дехидрирани!

До дехидрација најлесно може да дојде во текот на летото, особено во жежок август, кога...

Но секако ниту еден дом не смее да помине без прекрсната божиќна ѕвезда, или божиќното цвеќе кое внесува раскош во домот. 

Неколку трикови како да одгледувате Божиќна ѕвезда – најубавиот декор во домот!

Ова е периодот од годината кога новогодишната магија настапува во сечиј дом. Секако...

Мевлемот ги елиминира вишокот маснотии и вода од организмот, но ја подобрува и функцијата на мозокот, го подобрува памтењето, го подобрува слухот и видот.

РЕЦЕПТ ЗА УСПЕШНО СЛАБЕЕЊЕ: Свеж рен, лимон и мед!

Испробан рецепт за слабеење околу половината. Многу стар рецепт кој моментално станува...