Јапонката ја надигра Серена Вилијамс

Објавил: admin@magazin | 10 септември, 2018 10:47

Осака, сензационален победник на УС Опен

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Јапонката Наоми Осака е сензационален победник на УС Опен, откако во финалето целосно ја надигра Серена Вилијамс и ја совлада со сигурни 2-0 во сетови.

Симпатичната 20-годишна Осака испиша и нова историја како прва Јапонка која успеала да триумфира на еден Грен слем, а веднаш по завршувањето на мечот и се извини на присутните поради тоа што триумфирала таа, а не миленикот на многубројната публика.

„Знам дека сите навивате за неа, извините што на крајот испадна вака. Во секој случај ви се заблагодарувам што го гледавте овој меч. Мојот сон беше да играм финале на УС Опен против Серена, среќна сум што ја добив таа шанса и на крајот ја освоив титулата“, изјави Осака.

Со освоената титула на последниот Грен слем за оваа година, Јапонката инкасира и 3,8 милиони долари.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис