Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра.

Објавил: Рејхан Бајрами | 16 февруари, 2019 9:32

Освен МЕПСО и МВР ќе седи на кожни фотељи од природна телешка кожа

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Министерството за внатрешни работи во четири одделни јавни набавки нарачува мебел за над 150 илјади евра. Просториите на МВР ќе се подноват со бироа, фиокари, ормани, клуб-маси, закачалки, но и фотелји од телешка кожа.

Претходниот месец и МЕПСО се поднови со фотељи од природна телешка кожа, а сега и МВР ќе ја проба удобноста на фотељите кои чинат право богатство. Како што известуваат поедини медиуми Министерството за внатрешни работи склучило договор и за 250 работни стола како и за 100 канцелариски стола. Како може да се пресмета овие набавки МВР ќе ги чини околу 35 илјади евра.

Според спецификациите објавени на веб-страницата за јавни набавки, Министерството за внатрешни работи нарачува 50 работни фотелји чија „прекривка треба да биде од природна телешка кожа, а столот треба да има фиксни метално-хромирани рачки, кои во горниот дел ќе бидат тапацирани со природна телешка кожа“. Најмногу пари односно над 83 илјади евра ќе се дадат за метални ормани, фиокари, гардеробери, метални шкафови за чување огнено оружје итн.

За клупски маси МВР склучило договор од 30 илјади евра а за чадори и закачалки околу 2,3 илјади евра.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести