„Паразит“ го победи македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов во категоријата за најдобар странски филм.

Објавил: Владо Марин | 10 февруари, 2020 7:07

ОСКАРОВСКО ЛУДИЛО ВО ЛОС АНЏЕЛЕС: Погледнете кој беа добитници на Оскарите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Оскарот за најдобра режија на 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Лос Анџелес го доби Бонг Џун-Хо за „Parasite“.

„Паразит“ го победи македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов во категоријата за најдобар странски филм.

Оскарот на „Медена земја“ за најдобар документарен филм ѝ го зеде „Американска фабрика“, на Стивен Богнар и Џулија Рајнхарт.

Бред Пит и Лора Дерн добија Оскари за најдобра машка и женска споредна улога, за ролјите во „Беше еднаш во…Холивуд“ и „Брачна приказна“.

Оскарот за Најдобар филм на 92. доделување на наградите на Американската академија за филмска уметност и наука во Театарот Долби во Лос Анџелес го доби јужнокорејскиот филм „Parasite“.

Погледнете ја целосната листа на добитници на Оскари:

# Најдобар документарен филм – „Американска фабрика“
# Најдобар странски филм – „Паразит“
# Најдобар филм – „Паразит“
# Најдобра женска главна улога – Рене Зелвегер за улогата во „Џуди“
# Најдобра машка главна улога – Хоакин Феникс за улогата во „Џокер“
# Најдобра женска споредна улога – Лаура Дерн за улогата во „Брачна приказна“
# Најдобра машка споредна улога – Бред Пит за улогата во „Си беше еднаш во Холивуд“
# Најдобар режисер – Бонг Џун Хо за „Паразит“
# Најдобар анимиран филм – „Приказната за играчките 4“
# Најдобар краток анимиран филм – „Љубов кон косата“ (Метју А. Чери)
# Најдобро адаптирано сценарио – „Зајакот Џоџо“ (Таика Вајтити)
# Најдобро оригинално сценарио – „Паразит“ (Бонг Џун Хо и Хан Џин Вон)
# Најдобра кинематографија – „1917“ (Роџер Дикинс)
# Најдобар краток документарен филм – „Учење на скејтање во воена зона“
# Најдобар краток филм – „Прозорецот на соседите“ (Маршал Кари)
# Најдобро филмско едитирање – „Форд V Ферари“ (Мајкл Меккаскер и Ендру Бакленд)
# Најдобро звучно едитирање – „Форд V Ферари“ (Дон Силвистер)
# Најдобар звучен микс – „1917“ (Марк Тејлор и Стјуард Вилсон)
# Најдобар продукциски дизајн – „Си беше еднаш во Холивуд“ (Барбара Линг и Ненси Хај)
# Најдобра филмска музика – „Џокер“ (Хилдур Гуднадотир)
# Најдобра филмска песна – „I’m Gonna Love Me Again“ од „Рокетмен“ (Елтон Џон и Берни Топин)
# Најдобра шминка и фризура – „Бомба“ (Казу Хиро, Ен Морган и Вивиан Бејкер)
# Најдобар костим – „Малите жени“ (Џаклин Дуран)
# Најдобри визуелни ефекти – „1917“ (Гијом Рошерон, Грег Батлер и Доминик Туи)

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.