Османи изјави дека нема ништо спорно во албанското знаме на Самоиловата тврдина, и дека албанското знаме може да биде поставено било каде, бидејќи тоа е дозволено со закон.

Објавил: Катерина Крстиќ | 2 мај, 2019 11:11

Османи: Албанското знаме на Самоиловата тврдина не треба да е проблем, знамето може да се постави било каде

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното издание на емисијата Клик Плус, на тв 21, беше гостин вицепремиерот Бујар Османи го искоментира инцидентот со поставувањето на албанското знаме на Самоиловата тврдина.

Османи изјави дека нема ништо спорно во албанското знаме на Самоиловата тврдина, и дека албанското знаме може да биде поставено било каде, бидејќи тоа е дозволено со закон.

Фолклорно играорна група од Косово го поставила знамето на Република Албанија на Самоиловата тврдина во Охрид.

За потсетување по инцидентот со поставување на албанското знаме на Самоиловата тврдина во Охрид, беа притворени двајца членови на фолклорна група од Косово, едно од лицата што го постави знамето беше казнето и протерано од Македонија со забрана за влез од 5 години.

Поставувањето на албанското знаме навнодно било поставено, бидејќи тие сакале да направат сопствен играорен перформанс. Знамето беше отстрането, а СВР Охрид веднаш излегла на терен.

На одлуката за санционирање на играорците, реагираше и претседателот на собранието Џафери според кој казната е престрога и партијата на Села, Алијанса за Албанците која смета дека овој инцидент воопшто не ѝ помага на државава во нејзината евроатланска определба.

Инаку по Самоиловата тврдина, албанското знаме се развиори и на шеталиштето во Охрид, кога човек облечен во екстремистичка албанска униформа прошета низ Охрид за да им демонстрира на охриѓани дека всушност Охрид е албански град.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести