Османи истакна дека така ќе се потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

Објавил: Катерина Крстиќ | 10 јануари, 2020 10:43

Османи: Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи денеска истакна дека во периодот кој следува Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори.Османи истакна дека така ќе се потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

-Преодната Влада се формираше според политичкиот договор низ соодветна постапка и инклузивен процес, што е доказ за не само за институционалната, туку и за политичката зрелост на државата, истакнал Османи, потенцирајќи притоа дека во периодот кој следи Владата ќе се фокусира на организирање фер, слободни и компетитивни избори, со што ќе ја потврди досегашната доверба за демократскиот капацитет на земјата.

Бујар Османи, Вицепремиер задолжен за европски прашања, висок функционер во ДУИ, еден од наследниците на Али Ахмети, идејниот творец на Северна

Османи денеска оствари средба со амбасадорот на Франција во земјава, Кристијан Тимоние, каде се разговарало за актуелностите поврзани со европските интеграции на земјава, особено во пресрет на европските самити на ЕУ во март, мај и јуни под палката на Хрватското Претседателство со ЕУ.

Од владиниот кабинет соопштија дека на средбата се разговарало и за останатите предизвици поврзани со европските интеграции, како што е реформата на методологија за преговори на која работи Европската Комисија, предизвиците на земјава да го задржи реформскиот моментум, можностите за процесот на преговори во рамките на претседателството со ЕУ од страна на Хрватска како и сите останати актуелности.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести