Османи смета дека предвремени избори би значелe дополнително дефокусирање на државата, затоа што фокусот ќе биде на формирање влада, нов премиер и нови министри.

Објавил: Рејхан Бајрами | 23 јануари, 2019 15:26

Османи: “Во ДУИ врие од желба да има избори утре”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи во гостувањето на телевизија Телма рече дека тој како адвокат на европската агенда на земјава е против предвремени парламентарни избори.

Бујар Османи изјави во гостувањето во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма дека е против предвремени парламентарни избори, затоа што така ќе се пропушти почетокот на преговори со Европската Унија и ќе значи свесно компромитирање на европскиот процес.

Османи смета дека предвремени избори би значелe дополнително дефокусирање на државата и од агендата за реформи затоа што фокусот ќе биде на формирање влада, нов премиер и нови министри.

-Во ДУИ врие од желба да има избори утре, затоа што внатрешните анкети покажуваат дека сега е моментот. Но дали е интерес за државата сега да има избори, тука јас не се согласувам. Да одиме на избори во услови кога чекаме да почнеме преговори и да воспоставиме една динамика на ратификацијата на Протоколот за НАТО, мислам дека свесно ќе си го компромитираме процесот и немаме некое оправдување пред светот зошто тоа го правиме. Јас сум адвокат на европската агенда на државата и ги замолувам политичките партии да го пазат овој интерес, иако гледам дека во владејачките ДУИ и СДСМ има сили кои заради партискиот интерес дека ќе имаат добри резултати, внатре во партиите приистискаат да има избори утре. Јас до последен ден ќе лобирам и ќе повикувам да нема избори најмалку до првата меѓународна конференција со Европската Унија за започнување преговори, рече Османи во емисијата „Топ тема” на ТВ Телма. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика