Демократската унија за интеграција ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, изјави вечерва вицепремиерот за евроинетграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма.

Објавил: Владо Марин | 23 јули, 2020 21:23

Османи: ДУИ ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

„Етничко прашање би било доколку тој слоган не содржеше кандидат во самиот концепт, туку едноставно би се повикувале на етничката припадност. Ние им направивме услуга на Албанците, бидејќи на овие избори игравме во прва лига. Ние сме научени за позицијата премиер да се натпреваруваат две македонски политички партии без трета опција“ изјави Бујар Османи за емисијата „Топ тема“.

Влезен билет за преговори со нас се трите договори, затоа што ние така се поставивме во текот на кампањата, дека ДУИ е гарант на трите договори. Јас тоа го нарекувам чувар на трите договори“, рече Бујар Османи за „Топ тема“.

„Многу е важно да имаме гаранција деката таа партија со која ќе влеземе во разговори прво треба да ја реши таа дилема во однос на трите договори. После тоа ќе влеземе со амбицијата за нашиот кандидат за премиер Албанец, другите ќе влезат со нивните кандидати и после тоа ќе видиме како ќе се договориме согласно аргументите што ги имаме на маса“, изјави Османи.

Тој повтори дека би сакале да продолжат во коалиција со СДСМ, што го кажале и пред изборите.

Демократската унија за интеграција ќе коалицира со која било партија што ќе ги почитува Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, изјави вечерва вицепремиерот за евроинетграции и портпарол на ДУИ, Бујар Османи во интервју за телевизија Телма.

 Наш прв услов за коалицирање со која било партија е почитување на Охридскиот, Преспанскиот и договорот со Бугарија. За нас е многу важно да има јавно преземање на обврска за имплементација на договорите, потенцира Османи, додавајќи дека во преговорите за идната влада „ќе седнат во демократски процес да ги понудат нивните аргументи”, рече Османи!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.