Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.

Објавил: Перо Милчин | 28 ноември, 2021 11:59

Османи: Денеска ќе контактирам со семејствата на загинатите

Фото/Текст извор: ©магазин

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес конференција истакна дека денеска ќе контактира со семејствата на лицата кои загинаа во страшната несреќа на автопатот „Струма“.

„Денеска ќе контактирам со семејствата, бидејќи сакам да знам кои се нивните очекувања во однос на пренесувањето на телата и процедурите понатаму за да можеме да го направиме овој акциски план“, истакна Османи.

Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Македонија Бујар Османи.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи коментира дека ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели и во добро и во лошо и треба да си помагаме.

Османи ги отфрли теориите дека трагедијата на автопатот Струма била исценирана за да се натера Бугарија да каже „да“ на Северна Македонија на патот кон ЕУ.

Коментирајќи ги разликите во билатералните односи и европската перспектива, Османи нагласи дека Скопје никогаш не ја прекинал комуникацијата со Софија.

– Независно од фактот што тоа беше потешко, со оглед дека во период од една година три пати имаше избори, не беше формирана влада и имаше привремена влада, ние бевме во постојана комуникација со преодната влада на Бугарија. Во последниот период имавме три директни средби меѓу експертите. Разменивме белешки, документи, ставови, мислења и така ќе продолжиме и во иднина. Се надевам дека побрзо ќе се формира редовен кабинет и институции за да можеме да ставиме крај на овој спор кој ја држи во заложништво не само нашата европска перспектива, туку и целиот регион, а заложник е пријателството меѓу нашите две земји, рече министерот Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести