Според неофицијални информации добиени од МВР, опжареното возило не е евидентирано во системот на МТВрски,

Објавил: Македонка Димкин | 24 ноември, 2021 17:47

Османи – Идентификацијата на загинатите ќе трае седум дена

Фото/Текст извор: ©ТВ24

Министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со премиерот Зоран Заев и други функционери од Македонија отпатува во Бугарија по сообраќајната несреќа која се случи на автопатот „Струма“ рано утрината на 23 номеври.

Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи денеска во Софија имаше средба со бугарскиот главен обвинител кој е надлежен за истрагата за автобуската несреќа во која загинаа 46 лица.

Османи по средбата изјави дека за бугарското Обвинителство истрагата за несреќата е приоритет и дека се работи за што побрзо да излеат со резултати.

На средбата се зборувало за деталите околу идентификацијата и било договорено да се забрза постапката за собирање на биолошки материјал од роднините на починатите во Скопје – постапка која МНР веќе ја прави и се очекува да биде заокружена за да почне процесот на идентификација, во кој активно се вклучени и македонски експерти, рече Османи. Тој посочи дека постапката за идентификација на загинатите се очекува да трае најмалку седум дена.

Во автобуската несреќа на бугарскиот автопатот „Струма“, на 40 километри од Софија, загинаа 46 луѓе, а седум се повредени. Поголемиот дел од загинатите се македонски државјани кои од Истанбул преку Бугарија се враќаа во Македонија.

Сакам уште еднаш да им се извинам на семејствата што не можевме да им дадеме и се уште не можеме да им дадеме индивидуални информации по однос на починатите, бидејќи мораме да го почекаме процесот на идентификацијата. Но, ги замолив денеска да се вратат во Скопје, бидејќи сепак ќе треба седум дена најмалку за да се заврши тој процес“, рече Османи пред влезот на Главниот суд во Софија.

Лиценците за превоз, сертификатите на возачите, кривичната одговорност, како и техничката исправност на автобусот кој доживеа несреќа на автопат во Бугарија се прашањата на кои истрагата треба да даде одговор.
Доколку истрагата утврди вина за автобуската несреќа во Бугарија во која животот го загубија 46 лица, ќе одговара само сопственикот на Беса Транс и евентуално други инволвирани лица, а не и фирмата, бидејќи законот не предвидува кривична одговорност за правни лица. Но, фирмата може да ја загуби лиценцата за работа, бидејќи конкретниот автобус немал лиценца за вршење на превоз, која е потребна согласно законот.
Лиценци за превоз
Од Министерството за транспорт и врски велат дека во овој момент конкретниот превозник има важечка лиценца со добиени извод од лиценци за 4 возила и 4 возачи. „Но, според неофицијални информации добиени од МВР, опжареното возило не е евидентирано во системот на МТВрски, за што стручните служби отпочнаа постапка за одземање на лиценцата“, наведуваат од министерството.
И министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски претходно најави дека почната е постапка за одземање на лиценцата за работа на „Беса транс“.
„Во овој момент, додека трае истрагата, не можеме да знаеме колку пати ова возило ја напуштило државата и вршело ваков тип на превоз“, рече Бочварски за контролите на автобусот.
Член 6 од Законот за превоз во патниот сообраќај предвидува дека при вршењето на превозот на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот патен сообраќај превозникот е должен во возилото да има извод од лиценца и дозвола за вршење на превоз во патниот сообраќај.

Тој изјави дека откако ќе заврши идентификацијата на сите тела, тогаш МНР ќе ги преземе телата на починатите и ќе организира транспорт со погребални возила во Скопје, каде семејствата ќе можат да ги подигнат.

На средбата со истражниот обвинител станало збор и за шпекулациите кои ги имало во јавноста и било нагласено дека шпекулирањето ја влошувало емоционалната состојба на семејствата, рече Османи.

Министерот за надворешни работи рече дека разговарале и со преживеаните лица во болница и дека во текот на денот продолжат да разменуваат информации со македонските обвинители кои се вклучени во истрагата.

Тој наведе дека ДНК анализата ќе се врши во Бугарија, но дека исто така се работи на тоа дел од примероците да се земаат од секој починат и во Скопје за дополнителна истрага.

„Институциите се во блиска комуникација, во отворена соработка, ги разменуваат сите податоци по однос на оваа трагедија“, рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.