Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

Објавил: Рејхан Бајрами | 6 март, 2021 19:39

Османи може да менува само статут на ДУИ, македонскиот Устав не е предмет на поткусурување

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешната средба со туристички и здравствени работници во Охрид, пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски даде изјава за медиуми.

По изјавата за медиуми, Милошоски на новинарско прашање што смета за најавите на министерот Османи за промена на Уставот со цел да му се удоволи на источниот сосед одговори дека Османи може да коментира само промена на статут на ДУИ, а не промена на македонски Устав.

Господинот Бујар Османи како член на ДУИ може да предлага менување на статутот на ДУИ, ако имаат за тоа потреба или ако за тоа чувствуваат некакви понуди или притисоци од своите членови. Но како министер за надворешни работи Бујар Османи нема право да го нуди македонскиот Устав бидејќи тој не е на распродажба и да ја отвора Пандорината кутија за да задоволи нечии големодржавни интереси“, истакна Милошоски.

Милошоски додаде дека македонскиот Устав е сосем пристоен, демократски, европски Устав и нема потреба истиот да биде предмет на поткусурување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика