Тој најави и тужба за сите политичари и медиуми кои направиле штета на името на партијата, и ако во наредните 24 не се извинат за тоа што го изјавиле ќе мора да се покрене правна постапка.

Објавил: Рејхан Бајрами | 29 јануари, 2019 19:48

Османи најави тужба: “Или извинете се за 24 часа или тужба за медиуми и политичари”

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Вицепремиерот Бујар Османи денеска најави дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја замешаа ДУИ во лажна вест за злоупотреба на парите на осигурениците во вториот пензиски фонд, доколку не се извинат во наредните 24 часа, ДУИ ќе покрене правна постапка за да ја докаже вистината.

Османи рече дека вчера министерката Мила Царовска имала несреќна изјава, која отвори можност за спектакуларни шпекулации во однос на тоа што се случило во Фондот на ПИОМ, за наводната злоупотреба.Тој најави и тужба за сите политичари и медиуми кои направиле штета на името на партијата, и ако во наредните 24 не се извинат за тоа што го изјавиле ќе мора да се покрене правна постапка.

– Апсолутно не станува збор за никаква злоупотреба на ниту еден денар. Затоа беше побарано од министерката Царовска и од Фондот денеска да излезат и да им дообјаснат на граѓаните. Тоа е апсолутно „фејк њуз“. Поради штетата што е направена на ДУИ најавувам дека за сите политичари, политички партии и медиуми кои вчера ја инволвираа ДУИ во оваа лажна вест, дека ако не се извинат во наредните 24 часа ќе мора да покренеме правна постапка за да ја докажеме вистината, рече Османи на денешната прес-конференција во Владата.

.-Откако вчера верификувавме и со Министерството за труд и социјална политика и со Фондот дека не станува збор за злоупотреба на ниту еден денар од средствата на пензионерите и од Фондот, туку дека поради административни пречки и дел поради недоволен буџет заради тогашната одлука на владата да се намалат придонесите, средствата не биле префрлени во Вториот пензиски столб, изјави Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.