Османи вели дека овој втор пик на вирусот, не е поради тоа што не се почитуваат мерките туку за лажните вести кои беа пласирани на граѓаните.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 јуни, 2020 9:55

Османи: На еден квадратен километар во Чаир живеат околу 20 илјади граѓани, затоа вирусот полесно се шири

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Во вчерашното гостување во ТВ АЛФА, вицепремиерот и шеф на владиниот кризен штаб за справување со корона вирусот Бујар Османи, рече дека вирусот се шири во густо населените места, и дека токму тоа е проблемот со Чаир, каде има најголем број на заболени.

Веќе две недели по ред бројката на заболени од коронавирус во Македонија е над 100, а Скопје е новото жариште на вирусот, вчера со 100 заразени од вкупно 156 регистрирани новозаболени…

-На еден километар квадрат во Чаир живеат околу 20 илјади граѓани, односно на три и пол километри квадрати, колку е Чаир, живеат околу 67 илјади граѓани. Така што многу полесно ќе се шири инфекција во една густо населена средина, отколку во Сарај, каде веднаш се стави под контрола, каде на една поголема територија живеат помалку луѓе. Постојат географски и други карактеристики – изјави Османи на Алфа.

Османи вели дека овој втор пик на кој сме сведоци речиси три недели, а бројката секојсневно надминува над 100 новозаболени, не е поради тоа што не се почитуваат мерките туку за лажните вести кои беа пласирани на граѓаните.

-Имаше лажни вести од типот дека ова е конспирација на Бил Гејтс за да ги вакцинира луѓето и да им стави чипови. Можам да ви обезбедам листа на извори, дури на моменти помислив дека оваа е специјална војна. Имаше и информација дека две земји во светот се извор на лажни вести за пандемијата и дека една од нив сме ние – рече Османи.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести