Османи истакна дека граѓаните сакаат сериозни политичари и сериозна програма со претходно познавање на политиката, односно искуство и проекти.

Објавил: Катерина Крстиќ | 25 јуни, 2019 1:09

Османи: Нема човек кој подобро го знае духот на Охридскиот рамковен договор од Дураку

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Садула Дураку, кој е предложен за нов министер за политички систем, е искусен политичар кој е носител на институционалната и политичка меморија на ДУИ, изјави вицепремирот за европски прашања Бујар Османи.

– Улогата на Дураки е да го трансформира Секретаријатот за рамковен договор во Министерство за политички систем. Имајќи предвид дека тој е дел од учесниците на подготвување на рамковниот договор нема човек кој подобро го знае духот на Охридскиот рамковен договор, изјави Османи.

Бујар Османи, Вицепремиер задолжен за европски прашања, висок функционер во ДУИ, еден од наследниците на Али Ахмети, идејниот творец на Северна

Османи истакна дека граѓаните сакаат сериозни политичари и сериозна програма со претходно познавање на политиката, односно искуство и проекти.

– Протестите, ако може да ги кажеме протести, покажаа дека граѓаните не поддржуваат политика на обид за доаѓање на власт преку разоткривање на приватност на функционери и преку клевети, туку бараат сериозна програма и сериозни луѓе, со багаж на претходно исксутво и сериозни проекти кои може да ги испорачуваат, изјави Османи.

Османи посочи дека протестите против ДУИ во Тетово, јасно и покажале на опозицијата кој пат е најдобро да го следи.

– Очигледно овој пат што сега се фатиле се покажа во неколку наврати дека е слеп пат и дека не ги носи до победа. Најдобро е да не следат нас и да разработат сериозна програма и проекти и да покажат сериозни кандидати и луѓе во кои народот има доверба и да ни конкурираат на тој начин. Ги уверувам дека само губат само време ако овој начин се обидуваат да дојдат на власт, изјави Османи. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Политика