Тој потенцираше дека од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ.

Објавил: Катерина Крстиќ | 6 мај, 2020 17:16

ОСМАНИ: ОБЕЗБЕДИВМЕ ВКУПНО 90 РЕСПИРАТОРИ-тоа е доволно за евентуален втор пик на коронавирус!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на денешната прес-конференција за распределбата на странска помош поврзана со справувањето со Ковид-19 пандемијата соопшти дека се обезбедени вкупно 90 респиратори, што е околу 50 отсто од вкупниот број респиратори со кои располага државата во моментов.

Во Македонија има вкупно 1539 заболени од коронавирус, а бројот на смртни случаи се искачи на 88…

Тој потенцираше дека од нив 20 респиратори од норвешката Aмбасада, кои претходно беа земени во Турција, се повторно набавени и ќе пристигнат во земјава на 15 мај. Дополнителните 50 респиратори ќе пристигнат до крајот на овој месец, како и 20-те респиратори на ЕУ.

– Мислам дека тоа е доволен број за  каков било иден предизвик и за втор пик или пак за наредниот период. Врз основа на овие податоци Министерството за здравство констатираше дека нема потреба дополнително да набави, затоа што овие обезбедени респиратори ги задоволуваат потребите на здравствениот систем во државата да се справи со овој тек на пандемијата, изјави Османи, додавајќи дека педесет милиони евра веќе се распределија, односно се програмираа, со тоа што 30 милиони ќе бидат наменети за малите и средни претпријатија, десет милиони за помош на неформалната економија, пет милиони ќе бидат задржани за поддршка на процесот на преговори, затоа што во меѓувреме се активираше овој процес. Во рамки на микрофинансиската поддршка, добивме мек заем од ЕУ од 160 милиони евра за да се задржи економската стабилност и ликвидност, истакна Османи.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.