петок, 19 април 2024

MK/ EN/ DE



Во однос на протоколот, тој потврди дека е постигнат напредок за време на средбата со Генчовска во јуни, но текстот не бил финализиран за некои од прашањата. Османи иако смета дека нема правни последици

Објавил: Мате Парлоф | 26 јуни, 2022 15:11

Османи: Францускиот предлог е прифатлив за нас, ако се најде решение за протоколите

Фото/Текст извор: ©магазин.мк канал 5

Единственото спорно прашање во францускиот предлог е билатерлниот протокол, и ако се најде решение за него, останиот дел од предложената преговарачка рамка а е прифатлив, порача во последното телевизиско интервју шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Во однос на протоколот, тој потврди дека е постигнат напредок за време на средбата со Генчовска во јуни, но текстот не бил финализиран за некои од прашањата.

Османи иако смета дека нема правни последици и тој да биде дел од преговарачката рамка, вели дека тоа не е прифатливо бидејќи ќе се измести тежиштето на преговорите, бидејќи така историските прашања ќе доминираат. Дали е можен договор следните денови, не сакаше да прогнозира.

-Не можам да кажам дека ние документот не го прифативме, ние не го прифативме тој дел кој што е спорен за нас. Значи не можевме да се договориме со Р. Бугарија иако јас мислам дека тоа може многу лесно да се реши доколку има политичка волја.

Ние сметаме дека не треба фокусот да се стави на тие билатерални историски интерпретации во кои што ние сме влегле преку историската комисија во еден сосема друг процес, да бидат прашања кои што го одредуваат патот кон ЕУ. Бидејќи европскиот пат треба да биде европеизација, треба да биде за исполнување на критериуми а не треба да биде за решавање на билатерални прашања помеѓу државите.– Бујар Османи – Министер за надворешни работи.

Во меѓувреме, Софија смета дека ги завршила сите обврски и чека македонското МНР да го потпише Проколот.. Лидерот на Демократска Бугарија, кој ги предложи псоледните заклучоци на бугарското Собрание, со кои беше ревидирана Рамковната позиција од 2019 година, вели дека францускиот предлог и гаранциите од ЕУ се добри за нив, тамошното МНР и владата имаат 5 дена до крајот на француското претседателство да ги финализираат документите..

-Нашиот текст се совпаѓа со предлогот на француското претседателство. Гарантираме дека сите ангажмани кои се преземени со двостраните протоколи ќе бидат контролирани на ниво на Европската Комисија и Преговарачката рамка, а после тоа и во Европскиот Совет. Со еден збор, Бугарија ќе може да го контролира тоа. Има текст, кој гарантира целосна рамноправност на Бугарите во Уставот на Р. Македонија.- Христо Иванов – Демократска Бугарија

Дали предлгоот на фрацуското претседателство ќе биде официјано претставен на Македонија во следните денови и дали во него ќе бидат земени во предвид забелешките, останува непознато. Инаку, Османи отрки дека на документот работеле најблиските соработници на Макрон, а за таа цел во неколку наврати доаѓале и во Скопје и во Софија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.