четврток, 25 април 2024

MK/ EN/ DE



Али Експрес е една од најпознатите онлајн продавници каде може да најдете буквално се што ви е потребно а нејзин основач е Џек Ма или Ма Јун. Тој е кинески бизнисмен и филантроп, кој е основач и извршен претседател на Алибаба груп.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 10:56

Основачот на Али Експрес: Сиромашните луѓе е најтешко да ги задоволиш

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Живееме во време кога речиси се оди онлајн, и секој од нас барем еднаш се нашол во ситуација да порача одредени работи од интернет.

Али Експрес е една од најпознатите онлајн продавници каде може да најдете буквално се што ви е потребно а нејзин основач е Џек Ма или Ма Јун. Тој е кинески бизнисмен и филантроп, кој е основач и извршен претседател на Алибаба груп.

Тој поранешен наставник по англиски јазик има намера повеќе да се посвети на хуманитарни акции и образование, објави пред извесно време Њујорк тајмс. Џек Ма во изјава за весникот појасни дека ќе остане во УО на Алибаба и ќе продолжи со менторство со управувањето на е-троговијата.

Тој од 2014 година е најбогатиот човек во Кина и 18-тиот најбогат човек во светот со проценето богатство со нето вредност од 24.1 милијарда долари.

Доколку сакате да успеете може да се водите од неговите мотивирачки мисли. Советува каде грешат луѓето кои немаат пари.

-Сиромашните луѓе е најтешко да ги задоволиш.

-Дајте им нешто бесплатно, тие ќе мислат дека тоа е мамка.

-Кажете им дека ова е само мала инвестиција, а тие ќе речат – Сакам да заработам многу.

-Кажете им дека ова се големи вложувања, тие ќе речат – Немам искуство за тоа.

-Кажете им дека е традиционално занимање, тие ќе речат – дека е тешко.

-Кажете им дека ова е деловен модел, тие ќе речат – Пирамида.

-Кажете им да отворат продавница, тие ќе речат – Нема храброст.

-Кажете им да започнат нова работа, тие ќе речат – Нема идеја за нов бизнис.

Сите сиромашни луѓе имаат нешто заедничко:

-Сакаат да пребаруваат по Гугл, да ги слушаат своите еднакво безнадежни пријатели, повеќе отколку универзитетските професори и рутински си ги вршат своите работни обврски.

-Прашајте ги што знаат да работат? Тие само ќе молчат.

Мојот заклучок е: Наместо да дозволите срцето да Ви чука, зошто едноставно не дејствувате малку побрзо, наместо само да размислувате, зошто не би го правеле она што го мислите.

Луѓето кои пропаѓаат имаат само една заедничка работа: Целиот живот им поминува во чекање!

Инаку, според последните резултати од Државниот завод за статистика најголем дел од нарачките на македонските граѓани и фирми, или 58,6 проценти од вкупните направени се од други земји во светот,  кои нудат производи со ниски цени, меѓу кои најпосетен е токму Али Експрес.

Од домашните трговци се 40,8 отсто од нарачките, а од европските онлајн продавници само 20,7 проценти или поточно пред две години македонците потрошиле речиси 85 милиони евра за купување онлајн, од кои најголем дел, 72,8 проценти за купувања од странски трговци или 61,9 милиони евра, наспроти 25 милиони евра остварени кон домашните трговци.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.