Новинарскиот натпис започнува со претседателката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, посочено е дека таа важеше за симбол на борбата против корупцијата, а сега самата е заглавена во една голема рекетарска афера.

Објавил: admin@magazin | 20 август, 2019 0:37

ГЕРМАНСКИ „ШПИГЕЛ“: “Јанева беше симбол на шарената револуција со која се сруши Груевски од власт”

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

И германскиот медиум Шпигел се заинтересира за аферата „Рекет“ којa нешто повеќе од еден месец ја бранува јавноста во Македонија, но и во регионот. Денеска овој медиум излезе со наслов: Осомничената хероина на Револуцијата! Корупциска афера во Северна Македонија!

Новинарскиот натпис започнува со претседателката на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, посочено е дека таа важеше за симбол на борбата против корупцијата, а сега самата е заглавена во една голема рекетарска афера.

Хероината на револуцијата, обвинителката која важеше за симбол на реформите, симбол на правна држава, важеше како фигура во борбата за коруција, сега самата е вмешана во голем случај на уценување. Земјата на Балканот е потресена од аферата Рекет и од фактот за инволвираноста на Јанева која важеше за непоткуплива, за симбол за правда во државата – пишува германскиот медиум, притоа коментирајќи ја и оставката која Јанева ја поднесе на 15 јули.

Медиумот коментира дека аферата „Рекет“ која ја бранува јавноста од минатиот месец се разгледува на највисоко ниво, а предизвика политички земјотрес за целата земја. Обвинителката Јанева е дел од аферата, односно постои сомнеж дека на македонски олигарх му ветила дека за милионска сума ќе му ја обезбеди слободата, пишува Република.

-Јавноста е длабоко потресена, медиумите и социјалните мрежи се преполни со коментари. Јанева беше симбол на шарената револуција со која се сруши Груевски од власт. Десетици илјади луѓе излегуваа на улица, демонстрациите гавно почнуваа пред просториите на СЈО во Скопје. Луѓето носеа маички со ликовите на обвинителките Катица Јанева, Фатиме Фатиме и Ленче Ристоска. Митот за хероината е веќе срушен. На виделина излезе аферата, на 15 јули, кога беше објавено и нејзиното известување за оставка, а во исто време беа уапсени и Бојан Јовановски и Зоран Милевски, како водечки рекетари во случајот „Рекет“ – стои во натписот во германскиот медиум.

Анализата за Македонија во Шпигел излегува во период кога германскиот Бундестаг се подготвува за септемвриските сесии на кои моќната Комисија за надворешна политика ќе носи одлука дали на Македонија во октомври ќе и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ.

Бојан Јовановски, медиумот го коментира како ескцентричен лик кој на македонската јавност и е познат како Боки 13. Во натписот стои дека тој и Зоран Милески, познат како Зоки Кичеец на олигархот Камчев му ветиле дека ќе го употребат своето влијание за да го спасат од казнено гонење. Боки 13 се повикува на своето пријателство со Катица, а за слободата која му ја ветил, олигархот Камчев платил 1.5 милиони евра.

-Тоа беше докажано и со аудио и видео снимики – коментира германскиот медиум.

Понатаму во натписот стои дека Камчев важи за најбогат Македонец, поседува холдинг во Македонија. Се посочува дека еден од главните партнери на поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков. Тие, вели „Шпигел“ се централни фигури во случајот Империја, отворен од СЈО, минатата есен.

-Тогаш двајцата мораа да одат во притвор, а подоцна Мијалков замина во куќен притвор, а Камчев беше ослободен.Катица му ветила на Камчев дека не треба од ништо да се плаши, а тоа го потврдуваат аудио и видео записите кои Камчев сам ги снимил. Снимките се објавени во италијанскиот медиум Ла верита, а како стигнале до таму се уште е непознато. На снимките се гледа како Јованоски и Милески ги добиваат парите од Камчев, а Катица преки телефонот на Јовановски му ветува на Камчев дека се ќе биде ОК. По објавените разговори Катица резервирано потврди дека снимката е вистинита, со тврдење дека сакала Камчев да го придобие како сведок во случајот „Империја“, и дека нема направено никакви криминални дејства. На јавноста не и е веродостојна оваа изјава на Јанева, која, досега, не се води како осомничена во случајот „Рекет“ – пишува германскиот медиум.

Понатаму во натписот за „Осомничената хероина на Револуцијата“ се коментира и незадоволството на граѓаните во земјава. Како што стои во самиот натпис незадоволството од владата расте, а СДСМ минимално реагира на аферата.

Премиерот Зоран Заев остава впечаток дека има нешто да сокрие. Новинарите го прашуваат дали лично се познава со Бојан Јовановски, кој во една снимка му кажува на Камчев дека Заев ветил дека нема да го попречи неговото ослободување. Заев видно вознемирен одговара дека нема да дозволи „неколку криминалци, еден суетен новинар и еден педер, да ја симнат Владата од власт. Ова предизвика лавина на реакции, разочарување и негодување – пишува Шпигел.

Медиумот коментира дека аферата ја потресе Македонија во еден тежок период, кога земјата е критикувана за спорите реформи во правосудниот систем. Во натписот е посочено дека во јуни земјата не доби датум за преговори, делумно заради резервите од Франција, Холандија и Германија, а сега со Рекет се покажа дека тие резерви биле оправдани.

Анализата за Македонија во Шпигел излегува во период кога германскиот Бундестаг се подготвува за септемвриските сесии на кои моќната Комисија за надворешна политика ќе носи одлука дали на Македонија во октомври ќе и се даде датум за почеток на преговори со ЕУ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...