Сѐ уште се трага по третиот напаѓач.

Објавил: admin@magazin | 12 јули, 2018 14:38

Осомничените тврдат: Случајно го сретнавме Саздо на улица

Фото/Текст извор: ©Независен весник

Двајца осомничени за убиството на 21-годишниот Никола Саздовски, вчера беа на распит во Основното јавно обвинителство. Како што информираат од МВР, сѐ уште се трага по третиот напаѓач. Против него е распишана потерница, што значи дека полицијата нема информации дали ја преминал границата.

Двајцата веќе притворени напаѓачи вчера за првпат се сретнале со своите адвокати.

Според информациите до кои дојде „Независен весник“, скопјаните С.Д. (19) и Б.Б. (20), веднаш по апсењето, биле донесени кај судија на претходна постапка во скопскиот Кривичен суд и им биле одредени адвокати по службена должност. Нивната одбрана се темелела на тоа дека кобниот ден, се возеле со автомобилот „мерцедес“ и случајно на автобуска станица во населбата Автокоманда го здогледале младото момче, со кое неколку недели биле во „интернет војна“ преку „Фејсбук“. Запреле, излегле од возилото, го прашале момчето: „Ти си Саздо?“ Добиле потврден одговор, по што дошло до инцидентот.

Осомничените во Обвинителството се бранеле со молчење, сакале прво да ги видат доказите, па да се произнесат.

Обвинителството сѐ уште не одлучи дали ќе го преимени кривичното дело.

Во вторникот беше сослушана девојката на Саздо, која била со него дента кога бил нападнат.

По десет дена кома, Никола Саздовски почина на КАРИЛ. Неговите другари тврдат дека напаѓачите го претепале со шипки, а пота избегале.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.