Од месец февруари опозицијата протестира по единаесетти пат, кога опозициските пратеници го напуштија парламентот и се откажаа од своите актуелни мандати, и побараа оставка од премиерот.

Објавил: Перо Милчин | 3 мај, 2019 22:41

“Оставка на Еди Рама”- Во Албанија блокирани сите главни патишта, се бараат предвремени избори!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Вчера попладне Албанската централно десничарска опозиција, предводена од организаторот, Љуљзим Баша ги блокираше главните патишта во сите 12 региони на Албанија.

На протестите Баша рече дека „Денешниот протест е продолжување на Граѓанската непослушност“, кој одлучи да ги бојкотира и локалните избори на кои ќе се гласаат на 30 јуни.

Поддржувачи на опозициските партии во Албанија се обидуваат да продрат во зградата на Владата (16.02.2019)

Од месец февруари опозицијата протестира по единаесетти пат, кога опозициските пратеници го напуштија парламентот и се откажаа од своите актуелни мандати, и побараа оставка од премиерот на Албанија Еди Рама, како и формирање преодна влада што би подготвила предвремени избори, јави новинската агенција Анса.

Тој исто така се закани дека нема да дозволи претстојните локални избори да се одржат на ниту едно избирачко место за гласањето. Како што изјави тој, формирањето преодна влада е последната шанса „да се избегне општ судир меѓу народот и нелегалната власт“.
Како што изјавува Италијанската агенција, албанските власти, сепак немаат никаква намера да попуштат и дека неколку пати повториле дека локалните избори ќе се одржат на закажаниот датум, а тоа е 30 јуни.

Премиерот на Албанија, Еди Рама денес изјави дека секој е слободен да одлучи дали ќе учествува на изборите или не. Тој нагласи дека албанскиот кривичен закон предвидува тешки казни за оние лица што го попречуваат изборниот процес.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.