Актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО - ДПМНЕ, Тони Михајловски ги исмеа содржините од оставките на партиски функционери постирани на социјалните мрежи

Објавил: Мирко Бачиќ | 31 октомври, 2018 15:21

Оставките ви се како лоша прекопирана семинарска

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Актерот и член на Извршниот комитет на ВМРО – ДПМНЕ, Тони Михајловски на социјалните мрежи ги искоментира објавите за оставки кои ги постираат партиски функционери.

Имено по синоќешната оставка на претседателката на Унија на жени на ВМРО – ДПМНЕ, Рангелова, оркестрирани денес оставка поднесе и претседателот на Унија на млади сили на ВМРО – ДПМНЕ, Кржалоски.

Објавите ги истакнаа и образложија на своите профили по социјалните мрежи, за што Мијахловски имаше став:

Овие писма со оставки се како семинарска што сите ја користат за урнек.

Како еден ист човек да им ги пишувал. 

По тоа се гледа дека ниту имате свое, ниту пак ќе имате. 

Е тешко е да си во партија кога е во опозиција.

Не сте навикнати.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести