Утре наутро температурите на воздухот понакеде има услови да се спуштат и под -15 степени, особено во повисоките населени места.

Објавил: Перо Милчин | 17 јануари, 2021 12:19

ОСТАНЕТЕ ДОМА: ИЗМЕРЕНИ -15°C – ЌЕ БИДЕ УШТЕ ПОСТУДЕНО

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Нашата територија и понатаму се наоѓа под влијание на поларна воздушна маса која се спушта директно од Аркиток и условува поларни температури на воздухот. Времето е ведро со мала до умерена локална облачност, особено во северозападните предели.

Најстудено ова утро е во Берово каде температурата се спушти на -15 степени, потоа следуваат Битола со минус -13 степени, Струга и Охрид -12 степени, Пожаране -10 степени, Прилеп -9 степени, Тетово -7 степени, Штип -7 степени, Скопје – Петровец -5 степени, Демир Капија исто така се измерени -5 степени и најтопло ова утро е во Гевгелија како по обичај каде се измерени -3 степени.

Да напоменеме дека на планинските места температурите на воздухот во текот на изминатата ноќ се спуштија и под -15 степени.

Максималните дневни температури во текот на денешниот ден, како и утре во поголемиот дел од Македонија ќе се задржат под нулата и истите ќе се искачуваат во интервалот од -7 до 3 степени, а времето ќе биде стабилно, суво и сончево со умерена локална облачност. Ќе дува и слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец  и истиот особено Долж Повардарието и на југоисток повремено ќе засилува.

Утре наутро температурите на воздухот понакеде има услови да се спуштат и под -15 степени, особено во повисоките населени места.

За нови, детални и по потреба обновени метео информации, следете го официјалниот фејсбук профил на Славчо Попоски тука

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Време

Главната причина за кавгата меѓу актуелниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и неговиот претходник Никола Груевски е во личните суети, а не во политичките разлики поврзани со уставните измени, смета првиот лидер на партијата и експремиер Љубчо Георгиевски.

Георгиевски: Груевски претходно ги сруши измените на КЗ што сега му се потребни и за кои плаче

Прашан во интервју за емисијата „Трилинг“ дали владејачката гарнитура е подготвена...