Од Владата информираат дека го прифатиле предлогот на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика.

Објавил: Катерина Крстиќ | 26 август, 2020 19:19

Останува забраната за организирање свадби и крштевки

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На денешната седница Владата истакна дека останува забраната за организирање свадби, матурски, крштевки или какви било веселби со музика, со цел да се спречи ширењето на вирусот ковид-19.

Од Владата информираат дека го прифатиле предлогот на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на протоколот за работата на угостителските објекти, односно да остане забраната за организирање свечености со музика.

Од Сојузот на стопански комори на Македонија вчера преку соопштение побараа да се донесат нови протоколи за работа на игротеките, приватните установи за едукација и грижа на деца и објектите за свадби, родендени и крштевки.

Доколку остане забраната за работа, побараа мерки за финансиска помош на компаниите за да можат да ја преживеат кризата. Во спротивно најавија протести.

Воедно денеска претседателот на Владата, Оливер Спасовски, заменичката-министерка задолжена за координација со економските ресори Мила Царовска, министерот за образование и наука Арбер Адеми, министерот за здравство д-р Венко Филипче и заменичката министерка за образование и наука Елизабета Наумовска, во одделни средби денеска ги примија претставниците на родителите кои се залагаат за онлајн настава во образовниот процес во учебната 2020/2021 година и претставниците на родителите кои застапуваат став за настава со физичко присуство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.