Продолжува силната подршка од ЕНП кон ВМРО-ДПМНЕ, која денеска резултираше со средбата на Претседателот Христијан Мицкоски со Манфред Вебер, Претседател на ЕНП во ЕП

Објавил: Перо Милчин | 6 ноември, 2018 22:28

Остварена средба Манфред Вебер и Христијан Мицкоски

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Денеска уште еднаш беа демантирани провладините медиуми и покрај големиот број на невистини кои ги пласираа во јавноста. Христијан Мицкоски се сретна со Манфред Вебер, Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ го информираше г. Вебер за актуелните состојби во државата. Мицкоски укажа на политичкиот прогон од страна на актуелната власт преку злоупотреба на државните институции. Наместо реформи кои би ја придвижиле државата напред, Мицкоски посочи дека секојдневно сме сведоци на коруптивни скандали и општ грабеж кој ја уназадува државата како на политички така и на економски план. Со секој изминат ден на власт, Зоран Заев и СДСМ се повеќе ја оддалечуваат Македонија од патот кон ЕУ и НАТО.

ВМРО-ДПМНЕ останува силно посветена на своите стратешки определби, а ја добива и подршката од своите западни партнери.

Освен за актуелната дневно-политичка состојба, Мицкоски го информираше Вебер и за внатрепартиските случувања и трајната определба на ВМРО-ДПМНЕ, за приоретизирање на евро-атлантските интеграции на Република Македонија.

Господинот Манфред Вебер Претседател на ЕНП во Европскиот Парламент е најсериозен кандидат за Претседател на Европска Комисија.

Средбата беше остварена на маргините на Политичкото Собрание, јавија од ВМРО-ДПМНЕ.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.