Станува збор за италијанскиот остров Монтекристи

Објавил: admin@magazin | 2 септември, 2018 13:23

Островот за кој се чека дури три години за да го посетите (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Италијанскиот остров Монтекристи само два пати во годината се отвора за туристи, за да се дојде до него процедурата трае со месеци , а на ред се чека три години.

Островот Монтекристо во Тиренското море во провинцијата Ливорно е дел од Тосканскиот архипелаг , каде се и островите Елба, Диљо и Капреја. Монтекристо е полн со разновидна флора и фауна и на него е дозволено да се доаѓа само два пати во годината. На островот постојано живеат само четири луѓе , задолжени за одржување.

Забранет е приод до островот , како и ловење риба во негова близина. Секоја година од 1 до 15 август и од 31 август до 31 октомври , островот се отвора за ограничен број посетители . Приоритет имаат научни групи и ученици. Тие се сместени во пристанишниот град Кала Маестри , а обиколката на островот е дозволена само со стручни водичи.

Годишно само 1 000 луѓе имаат дозвола да го посетат Монтекристо , кои пополнуваат барање во полицијата , а за дозвола се чека три месеци . Потоа секој посетител со дозвола се става на листа на чекање , каде во просек доаѓа на ред по три години.

Островот Монтексристо е познат и по романот на францускиот писател Александар Дима , кој дејството на романот ,,Грофот Монте Кристо “ го смести токму на овој остров , на кој грофот наоѓа изгубено богатство.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.