Над 330 затвореници од КПУ "Идризово" денес започнуваат дводневен штрајк го глас, барајќи сопствен Закон за амнестија, во спротивно најавуваат протести на нивните семејства

Објавил: Мирко Бачиќ | 10 декември, 2018 6:48

Осудениците започнуваат со штрајк, и тие бараат Закон за амнестија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

По несекојдневното однесување на телото за национално помирување, кое четири пати закажа па ја одложи својата работна средба, се појавија и разни шпекулации на кои се групи обвинети и осуденици ќе се амнестираат.

Во немањето повеќе информации, осудениците во казнено поправната установа “Идризово” денес ќе започнат протест.

Осудениците во КПУ„Идризово“ од денес ќе почнат дводневен штрајк со глад бидејќи власта останала глува за нивните барања за амнестија, пишува во писмото кое е испратено до директорот на затворот, во кое го известуваат дека почнуваат со штрајк.

Директорот на „Идризово“, Боби Мојсовски потврди дека бил известен за штрајкот, како и дека се собираат потписи од осудениците.

Станува збор за барање за амнестија, кое во вид на петиција дел од осудениците ја испратија пред две недели до Владата, министерството за правда и претседателот на Собранието.

За од понеделник најавија штрајк со глад, но како ќе се одвиваат настаните ќе видиме. На вечерашната петиција се потпишани околу 330 затвореници. – изјави Мојсовски.

Според барањата на осудениците, станува збор за Законот за амнестија со кој бараат од надлежните општа амнестија за сите дела кои ги дозволува уставот, како и осудениците на доживотен затвор казните да им бидат преиначени во затворски казни со одреден број на години, како што наведуваат во писмото е според европските закони.

Ако за два дена не добијат одговор од Владата и работното тело за помирување најавија дека ќе продолжат со штрајкот, а нивните семејства ќе протестираат пред Владата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.