Како што пишува Телеграф, наводно отровната риба морски змеј го уништила одморот на Милан и неговото семејство, бидејќи по неговото згазнување на рибата која Грците ја нарекуваат „дракена“ настанал вистински хорор.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 јули, 2019 11:28

Осумгодишниот Милан нагазил на отровна морска риба во Паралија

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Oсумгодишниот Милан Левкиќ од Бор, згазил на отровна риба во Егејското море – пишува српски Телеграф. 

Како што пишува Телеграф, наводно отровната риба морски змеј го уништила одморот на Милан и неговото семејство, бидејќи по неговото згазнување на рибата која Грците ја нарекуваат „дракена“ настанал вистински хорор.

Вака изгледа отровната риба морски змеј…

Вообичаено рибата живее во длабокото, но за несреќа на Милан овој пат се нашла во плитките води. Оваа риба е карактеристична по тоа што се крие во песокот, па речиси и не е возможно да се забележи при влегување во вода.

Тоа се случи на последниот ден од нашето летување и тоа час и половина пред да се вратиме назад во Србија. Само што влеговме во вода Милан почна да плаче затоа што ужасно го боли ногата. Мислев дека згазнал на некоја школка, затоа што воопшто немаше крв, само црвена точка на ногата- раскажува Весна Велиновски, мајката на Милан.

Весна сведочи дека се вџашила кога отишла под туш со детето. Таа забележала бел круг и две зелени точки на ногата на Милан и вели дека изгледало како да го каснала змија, по што веднаш испаничила.

„Едвај можеше да стои на пета, со оглед дека убодот беше на стапалото под палецот. Се обиде да оди малку, па јас го носев потоа, а цело време не престана да вреска од болки“ – изјавува Весна за српскиот медиум.

Откако посетиле доктор, сфатиле дека станува збор за отровна риба. 

„Стоплија вода, истурија во лавор, а потоа ни кажаа тука да ја држи ногата. Милан набрзо престана да плаче. За пола час целосно спласна отокот, а потоа и испи лек. Ни кажаа уште 2-3 дена да ја држиме ногата во топла вода и да пие лекови уште една недела“ – раскажува мајката.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.