Најнов корона пресек!

Објавил: Мате Парлоф | 20 март, 2022 16:52

Осуммина починати и 214 нови случаи на Ковид-19

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Министерството за здравство информира дека согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 2.133 тестови, а регистрирани се 214 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 135, Битола – 20, Прилеп и Охрид – по 10, Кавадарци – 8, Струмица – 7, Куманово – 5, Кочани – 4, Тетово, Велес, Кичево и Гевгелија – по 2, Штип, Неготино, Ресен, Крива Паланка, Дебар, Вландово и Виница – по – 1.

Од вкупниот број на позитивни (214), регистрирани се 33 реинфекциии.

Регистрирани сe 96 оздравени пациентиод: Скопје – 64, Охрид – 8, Куманово и Велес по – 5, Кавадарци – 4, Битола – 3, Кочани – 2, Кичево, Гевгелија, Струга, Радовиш и Кратово по – 1.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се пет починати лица: по две починати лица од Скопје (83г и 79г) и Битола (78г и 68г) и едно починато лице од Кочани (76г). Сите се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени три починати лица, од Скопје (1), Куманово (1) и Тетово (1), на возраст од 59 до 69 години. Пријавените лица се починати во период од 12.02. до 25.02.2022 година. Од пријавените лица едно е починато во болнички услови и две лица се починати во домашни услови.

Од вкупниот број на починати лица (8), кај 7 се регистрирани коморбидитети.

Направени се 2.133 тестови преку: ИЈЗ-189, ЦЈЗ Скопје-102, ЦЈЗ Битола-64, ЦЈЗ Прилеп-40, ЦЈЗ Тетово-2, ЦЈЗ Куманово-46, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–157, Жан Митрев (Филип Втори)-27, Авицена-50, Биотек-61, Систина-28, лабораторија Лаор-87, Синлаб-4, Ремедика-0, Плодност-27, Генеа-3, Никоб Лаб-132, ВФВ Медикал-45, Ели Медика Плус-15, Ројал Медика–17, Спектра-ММ-6, Рапид Лаб–10, Жан Митрев Струмица–7, Нова Лаб Дијагностика–3, Рамус-5, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.006.

Досега во земјата се направени вкупно 1.937.970 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 303.354, бројот на оздравени пациенти е 292.048, на починати е 9.180, а бројот на активни случаи изнесува 2.126.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...