Националниот координатор за прашања поврзани со здружението на бранители и поранешен генерал, Стојанче Ангелов оддаде почит и положи цвеќе на споменикот Карпалак

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 август, 2019 14:13

Осумнаесет години од масакарот кај Карпалак: Ангелов оддаде почит на загинатите бранители!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Денеска се навршија 18 години од масакрот кај месноста Карпалак, кога 10 резервисти од прилепската касарна беа убиени од албанските терористички сили.

Националниот координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов положи цвеќе на споменикот Карпалак во чест на загинатите припадници на безбедносните служби во конфликтот од 2001 година кои ги изгубија своите животи во одбрана на Република Македонија.

Ангелов рече дека откако ќе се разгледа внатрешната состојба во државата и по приемот во НАТО кога ќе има позитивни меѓуетнички односи, бранителите кои пред 18 години загинаа на Карпалак, ќе добијат споменици.

Конвојот со 13 транспортери, 15 тенкови, 30-тина камиони, потешко пешадиско оружје: топчиња, хаубици и два автобуса со резервисти одел кон Тетово, Еребино, за да изврши смена на силите и да однесе дополнителна опрема за војската којашто била сместена во Тетовско. Со минофрлачи, тромблони, зољи и автомати беше пукано од клисурата Карпалак, кога беше погоден еден камион кој се запали. Беше запалено и едно цивилно возило, а куршумите од автоматското оружје завршија и во автобусите со кои се транспортирале војниците, но возачот успеал да го оддалечи возилото од местото на заседата.

„Во наредниот период очекувам нашата држава да плови во мирни води затоа што влезот во НАТО е извесен и е само прашање на ден кога ќе се случи. Тоа заедно со очекуваниот датум за преговори со ЕУ, верувам дека ќе се одрази позитивно и врз меѓуетничките односи и во таков случај можеме да разговараме за поставување на соодветно спомен обележје на ова место“ изјави Ангелов од Карпалак.

Масакрот кај Карпалак е наброен масакр врз војници во воениот конфликт во 2001 година. На 8 август 2001 година 10 резервисти беа убиени, а тројца ранети кога конвој од хермелин, два автобуса, камион и комбе од Прилепската касарна одел кон Тетово.

Кај месноста Карпалак конвојот бил начекан во терористичка заседа во 9:30 часот и врз него бил отворен жесток оган од тешки митралези и рачни ракетни фрлачи.

Едно транспортно возило било погодено со ракетен фрлач, при што загинале осум војници и двајца офицери, сите од резервниот состав.

Со ракетен фрлач бил погоден и еден од автобусите. Борбите за извлекување на преживеаните 108 луѓе траеле повеќе часови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести